Offside

Младиот Маркос Фис со само 18 години ја зачуди ракометна Европа. Тој дебитираше на Европско првенство за Шпанија на дуелот со Србија и со три гола уште во првиот дел најави каков играч доаѓа на светска сцена. Шпанецот Јан Тафета со шест гола беше прв стрелец кај Шпанците кои победија 29:27, но Маркос Фис го украде вниманието на јавноста.

Судија му го побарал дресот на Меси, го казниле

Во Централна и Северна Америка се игра КОНКАКАФ Купот на шампиони меѓу екипи од неколку земји. Интер Мајами, екипата за која настапува Лионел Меси, играше против Спортинг Канзас Сити во средата вечер на страшни минусни температури кои достигнувале и до -17. 

А да почнете да ги казнувате ваквите по 10 кола?

Секое коло иста приказна. И веќе не се знае кој повеќе глуми и во која лига, но просто глупаво е повеќе да се толерираат ваквите шарлатани. На ѕидот на срамот овој пат е голманот на Андерлехт, Колин Кузманс на дуелот против Фенербахче.

Емотивна приказна за изгубен шал стар 53 години

Еден возрасен навивач на клубот од Бирмингем, објавил дека по мечот со Ливерпул (2:2) на „Вила Парк“ го изгубил, некаде му паднал шалот. И ништо не би било чудно тој шал да не е стар цели 53 години и има страшно голема сентиментална вредност. Шал кој ја следел Астон Вила секаде каде и да играла.

Романска фешта по елиминацијата на ПАОК

Стеауа Букурешт го исфрли ПАОК во плејофот од Лига Европа и влезе во топ 16. Третото полувреме го одиграа во соблекувална заедно со тренерот. И пица имаат на менито.

Митревски е неприкосновен, жива им ја фати на крај за победа на Еурофарм Пелистер

Сонот на битолчани за осминафинале во Лига на шампиони сè уште живее. Го совладаа Динамо Букурешт (25:24). Има уште две кола до крај.

Наредни 200 години ќе нема ваков пенал во свет

Налетавме на неверно видео од 2016-та од хрватската втора лига. Кој го видел или памети, радо ќе се присети. Тој што го гледа прв пат, го пропуштил пеналот кој најпрецизно ја отсликува најпопуларната Фејсбук страна со години на Балканов, Селски фудбал. Дугопоље против Сесвете. Разврска од пеналот е надреална.

Михајловиќ за трите недопирливи рекорди во Серија А

На денешен ден 1969-та година во Вуковар се роди големиот Синиша Михајловиќ. Најмоќното лево стапало од кое се тресеа голманите кога се местеше да изведува слободен удар. Замина прерано, на само 53 години, а денеска требаше да наполни 56. Слушнете го ова дечки.

Нова одвала на Мика Ричардс, па прснаа од смеење

Нема вторник и среда пред и после одигрување на натпреварите од Лига на шампиони, Анри, водителката Кејт Абдо, Мика Ричардс и Џејми Карахер да не направат некое шоу. Ричардс е во топ форма во последно време. Синоќа имаше реплика на констатацијата на Кејт дека „веќе ќе нема Брест (францускиот клуб кој испадна од ПСЖ во Лига на шампиони) годинава. Брест значи и нешто друго на англиски.

Јокиќ црта акција, а Пешиќ ја брка екипата на Нетфликс

Секој ден излегува по некоја пикантерија од документарецот „Court of Gold“, серија во 6 епизоди, која Нетфликс ја стокми за Олимписките игри 2024. Изгледа дека има многу јак материјал. Опфатени се САД, Франција, Србија и Канада, кои се бореа да стигнат до златниот медал.

Ултра интересна ждрепка за Лига на шампиони: Мадридско дерби Реал - Атлетико, Ливерпул во Париз

УЕФА денес точно напладне во своето седиште во Нион ги извлече паровите за осминафинале во Лига на шампиони. Според новиот формат односно новата ждрепка, денес се влечеа паровите за осминафинале, четвртфинале и полуфинале.

Ново ѕверско забивање на Леброн Џејмс

Лос Анџелес Лејкерс изгуби неочекувано од Шарлот 100:97 во натпревар со кој продолжи регуларниот дел од НБА лигата после долгата петдневна пауза поради Ол-Стар викендот.

Гасперини е во право? Лукман промашил 6 пенали по ред

Тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини од овој тим направи редовен учесник во Лига на шампиони и стандарден ривал во борбата за шампионско скудето. А цената на тоа е неговата грубост, суровост со играчите. На своја кожа тоа најдобро го осети Адемола Лукман, фудбалерот кој со хет-трик во историско финале на Лига Европа лани на Аталанта и донесе прва европска титула.

Компилација растур систем од деби сезоната на Јокиќ во НБА

Ко поситен е некако, послаб сигурно, но и побрз. Ама кликерот за кошарка е тој и тогаш и сега. Никола Јокиќ вчера наполни 30 години. Да се вратиме назад за да видиме како ги малтретирал Американците на 20.

Озил раскажува како Мурињо реагирал во соблекувална после пораз од Барса од 5:0

„Во 2010-та, Реал Мадрид загуби 5:0 од Барселона и тоа дома. Во соблекувална мислевме дека Мурињо ќе експлодира. Но тој дојде, не чукна сите по грб и ни рече: Главата горе момци, јас сум Жозе Мурињо. Ќе ги растуриме следна сезона. Тоа и е случи“, вели Месут Озил.

Убавиот гол на Перишиќ кој стигна до историски подвиг на 36 години

ПСВ го елиминираше Јувентус во плјеофот од ЛШ во продолженијата со победа од 3:1, а Иван Перишиќ пак им даде гол. Ветеранот го отвори резултатот во 53-та минута после убиствена контра во два потези и стана најстар играч во историјата од ЛШ со два гола по ред во нокаут фаза.

Нов луциден дриблинг на Нејмар

Сантос со 3-0 го совлада Нороесте. Нејмар играше од почеток до 69-та минута кога го извадија од игра. Во 18-та минута доби жолт картон, не постигна гол ама имаше неколку луцидни потези.

Дарвин, 9-ка ова со заврзани очи треба да го даде

Паралелно со Лига на шампиони, Ливерпул одигра меч од 26. коло во Премиер лигата против Астон Вила на гости кој заврши 2:2. Дарвин Нуњез скроз заеба работа на нешто повеќе од 20 минути до крај.

НБА со видео му го честиташе роденденот на Никола Јокиќ

Трикратниот освојувач на МВП наградата за најдобар играч во најсилната светска лига НБА, Србинот Никола Јокиќ во средата го прослави својот 30-ти роденден. Сомборецот е роден на 19. февруари 1995 година. Во 2003-та година го носеше Денвер Нагетс до шампионска титула во НБА. Со репрезентацијата на Србија има две олимписки медали - сребро од Рио де Жанеиро (2016) и бронза од Париз (2024).

Меси мајсториша сам против сите и на -17

Интер Мајами и Спортинг Канзас Сити одиграа натпревар од ЛШ во КОНКАКАФ зоната на камен ладно време со капи, ракавици, ролки, хулакопки, фалеше уште бунди да облечат. Ја реши Лео Меси, кој веројатно го одигра натпреварот со најниска температура во кариерата.

Неверојатното додавање на Асенсио за првиот гол на Реал

Дваесет и две годишниот стопер и бек на Реал Мадрид полека но сигурно станува стандарден првотимец на „кралскиот клуб“. Младиот Асенсио синоќа против ѕвездите на Манчестер Сити одигра одличен натпревар а имаше и асистенција за првиот од трите гола на Мбапе.

Мбапе - Сити 3:1, ПСЖ броеше до 7

Реал Мадрид го разби Манчестер Сити со 3-1 и на убедлив начин оди во осминафиналето со вкупен резултат 6:3. ПСЖ се поигра со малиот Брест и по триумфот на првиот натпревар на гости, сега го демолираше со 7:0. ПСВ Ајндховен и Јувентус решаваа после регуларните 90 минути и понатаму оди холандскиот шампион.

Снајдер станал играч на Интер благодарение на шанкер кој разговарал со Морати

15 години после тројната круна на Интер и 30 години откако Масимо Морати стана прв човек на клубот, приказната за трансферот на холандската ѕвезда звучи неверојатно.

Навивач на Бенфика се обиде да влијае кај судијата со 10 евра

Му фалат две нули. Минимум. Инаку да бидеме реални, оваа сума ни во четврта македонска лига не му поминува. Бенфика - Монако заврши 3:3. Во осминафинале отидоа Португалците.