Илија Најдоски за тоа како одел на тренинг од Крушево преку Кривогаштани

Од школскиот фудбалски тим во школото „Никола Карев“ во Крушево, преку младинците и првиот тим на Победа Прилеп, до ѕвезденото шампионско небо со Црвена звезда и настапи во Швајцарија и Шпанија.

Илија Најдоски во емисијата „Моите ТОП 11“ со водителот Небојша Петровиќ раскажува за неговите фудбалски почетоци кога како 15-годишно дете на 40 степени цело лето оди од Крушево преку Кривогаштани до Прилеп на тренинг со младинците на ФК Победа, го кали својот железен карактер кој подоцна ќе го направи најсилен европски стопер.

Во емисијата „Моите ТОП11“ гостинот бира најдобри 11 фудбалери со кои играл во клубовите каде настапувал.

Навивачите за него ден-денес тврдат дека одеше со глава таму каде што други не би оделе со нога. „Илија громовник“ е прекарот на Најдоски кој стана европски и светски шампион со белградска Црвена звезда.

 

9 декември 2025 - 13:28