Сега од Египет и Иран кои се пласираа на Светското во САД, Мексико и Канада, велат дека немаат намера да прават ништо поврзано со акциите на гореспоменатата заедница.
Египет и Иран се погодија во иста група на Мундијалот а за нивниот натпревар закажан за во Сиетл, како и за други натпревари организаторите во соработка со домаќинот планираат некакви ЛГБТ+ настани и активности во јуни 2026.

Египетскиот фудбалски сојуз во вторникот соопштил дека пратил писмо до ФИФА со цел да интервенира и да спречи какви било активности на ЛГБТ активистите за време на нивниот натпревар со Иран во јуни следната година.
Египетскиот фудбалски сојуз меѓу другото во писмото навел дека такви настани би биле удар на културолошките и религиозните вредности на земјите од каде доаѓаат репрезентациите кои ќе го играат тој натпревар на 26-ти јуни.
Натпреварот се совпаѓа на ден од таканаречениот „викенд на гордоста“ во Сиетл.

И Египет и Иран се земји каде владеат строги и ригорозни казни и забрани за ЛГБТ ориентираноста.
ЛГБТ заедницата во Сиетл планира уметнички изложби и забави околу стадионот и во самиот град а ова е испланирано уште пред да биде ждрепката за групите и градовите во кои ќе играат репрезентациите. Групата Г ќе игра во Сиетл.
Во писмото до генералниот секретар на ФИФА, Матиас Графстром, Египетскиот фудбалски сојуз пишал дека „категорично одбива какви било активности кои промовираат ЛГБТ за време на натпреварот“ и предупредува дека такви настани би можеле „да испровоцираат културолошки и религиски емоции меѓу навивачите“.
„Овие активности директно се судираат со културолошките, религиозните и друштвените вредности на регионот, пред се во арапските и исламските друштва“, вели Египетскиот сојуз и додава во писмото:
“Додека ФИФА е посветена да обезбеди амбиент на почит за добредојде на сите навивачи, клучно е да спречи активности кои би можеле да разгорат тензија или неразбирање меѓу навивачите на Египет и Иран.

Бараме од ФИФА да гарантира дека натпреварот ќе мине во атмосфера која е насочена само на спортот и ослободена од потези кои се спротивни на верувањата на репрезентациите учеснички на натпреварот“.
Египетскиот фудбалски сојуз се повикува на статутот на ФИФА, посебно на член 4 кој гарантира политичка и друштвена неутралност за време на ФИФА натпреварите и на дисциплинските регулативи кои гарантираат дека турнирите ќе останат ослободени од манифестации кои би можеле да предизвикаат тензија или конфликт меѓу навивачите.
Во Иран хомосексуалноста е казнива со смртна казна, додкеа во Египет таа се спречува со законски мерки.
Првиот човек на Иранскиот фудбалски сојуз, Мехди Таџ бил прашан од локалната иранска агенција ИСНА за прашањето, а тој рекол дека и Техеран и Каиро заедно кренале глас против проблемот за кој велат дека е ирационален потег кој поддржува одредена група.
Во понеледникот иранската државна телевизија соопштила дека Техеран исто ќе испрати барање до ФИФА на темата.
ЛГБТ настанот во Сиетл ќе биде организиран од тамошниот локален комитет и не е поврзан со ФИФА која се уште се нема огласено по прашањто.
На Светското 2022 во Каар, ФИФА се закануваше со жолти картони за играчите кои нема да носат капитенска лента со натпис „Една љубов“ и боите на виножитото во поддршка на ЛГБТ заедницата но подоцна како почна Мундијалот се заборави на тие казни и опомени зошто некои селекции и капитени одбија да носат такво нешто.