Парична казна за најглупавиот момент во НБА лигата сезонава

За време на дуелот меѓу Њујорк Никс и Орландо Меџик кој Никси го добија 106-101, во четвртата четвртина Дрезмонд Бејн од Орландо намерно со сета сила со топка го удри ОуЏеј Ануноби кој беше паднат кај аут линијата. Очигледно е дека Бејн имаше посед на топка и дека ова не беше вообичаена ситуација кога играчот за да ја спаси топката ја одбива од тело на противникот за таа да излезе во аут од него. НБА лигата го казнила кошаркарот на Меџик 35.000 евра.

После се смирило сè. Ануноби после натпреварот рекол: „Прво бев збунет, па ми стана смешно. Го сакам Дезмонд... Добар лик е. Можеби требаше да ја фати (топката)“.

На крајот Ануноби имаше 21 поен и 7 скока и со лидерот на Никс Џајлен Брансон (30 поени, 9 асистенции) беше најзаслужен за победата на нивната екипа.

9 декември 2025 - 12:13