Драги гледачи, стадионот во Бостон не е во Бостон и во Сан Франциско не е во Сан Франциско

ФИФА го рекламира Светското првенство 2026 на едноставен начин па навивачите можеби следното лето ќе ги чека непријатно изненадување. Прво, стадионите во Њујорк, Бостон, Далас и Сан Франциско не се во Њујорк, Бостон, Далас и Сан Франциско како што се мисли.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Фото: Epa Images

Ако некој навивач кој ќе отпатува да ја бодри својата репрезентација во САД следното лето, ќе мора да се спреми за нов пат, да си спакува храна, вода, сок, полна батерија на телефонот или подвижен полнач на истиот.

Затоа што во зависност од тоа во кој град ќе биде сместен, неговата „тура до стадионот“ можеби ќе биде повеќечасовно возење а не прошетка до таму.

САН ФРАНЦИСКО - СТАДИОН ЛЕВИ'С: Одисеја од 69 километри

Приказната за Одисеј ќе започне на 17-ти јули но патот на секој навивач до стадионот ќе биде одисеја до Санта Клара, таму се наоѓа стадионот а не во Сан Франциско. Патот од строг центар на Сан Франциско до стадионот во Санта Клара изнесува 69 километри, а таму е и Силиконската долина.

БОСТОН - СТАДИОН ЖИЛЕТ: Познат и како „Не е Бостон“ (40 километри)

Фоксборо се вика местото каде што е стадионот „Жилет“ и тоа е дом на Патриотс екипата во американски фудбал. Исто и до овој стадион ќе ви треба патување доволно за со себе да понесете ранче, сендвич и позитивно расположение. Ако сакате да го разубавите овој пат најдете сместување во Род Ајленд или во градовите во Масачусетц како Шерон или Мансфилд. Тие се поблизу до Фоксборо и може да отидеш до Бостон некој ден кога твојата репрезентација не игра.

Има по доста што да се види во историскиот град Бостон.

ДАЛАС - СТАДИОН AT&T (29 километри)

Патот од центарот на Далас до овој стадион е околу 29 километри во предградие а времетраењето би изнесувало колку едно полувреме од натпреварот. Се е поголемо во Тексас па и сместувањето. Имај на ум дека овој стадион е во Арлингтон а не во Далас, но како и да е, премногу е жешко на лето, спреми се за 32-37 степени Целзиусови.

Спремете си план како да ви биде доволно студено на патот до и од стадионот.

МАЈАМИ - СТАДИОН ХАРД РОК (24 километри)

Bienvenidos a Miami. Само да се спремите за солиден пат, 24 километри северно од Мајами, но сообраќајот би можел духовно да ве остаре. Ќе стигнете до стадион исончани, еднакво е топло како во Далас, така што тоа е тоа.

ГВАДАЛАХАРА - СТАДИОН АКРОН (15 километри)

Уште една забуна со името на стадионот. Естадио Акрон е во Запопан, кај Гвадалахара, но доволно близу. Зависи од сообраќајот, ова може да ви биде радосно патување или момент во кој ќе се прашате зошто патот до стадионот изгледа како гостински натпревар.

ЛОС АНЏЕЛЕС - СТАДИОН СоФи (19 километри)

Сообраќајот во Лос Анџелес е право реми. Неважно е дали се 10 километри или 100, пушти си плејлиста на радио и свиркај си.

МОНТЕРЕЈ - ЕСТАДИО ББВА (9,7 километри)

Глатка возење во Гвадалупе. Една од највпечатливите вожњи се додека не заврне, нема гужва во сообраќај или е голем вечерен натпревар.

МЕКСИКО СИТИ, ЊУЈОРК СИТИ, КАНЗАС: (6-11 МИЛЈИ)

Не ужасно, не сјајно. Растојание каде што би си рекле: „Да земеме ли превоз?“ и веднаш зажалувате што се прашале. Искрено.

ХЈУСТОН, ФИЛАДЕЛФИЈА, ТОРОНТО: „ОХ ПА ВООПШТО НЕ Е ЛОШО“ ГРУПА

Стадионите НРГ, Линц и БМО Филд се доволно близу така што можеш и да го импровизираш одењето до нив од центарот, само да ги следиш знаците и навивачите кои одат натаму. Овие стадиони се мошне близу и може пешки да се оди до нив од центарот на Хјустон, на Филаделфија или на Торонто.

СИЕТЛ, ВАНКУВЕР, АТЛАНТА: ТРОЈКАТА

Стадионите се во строги центри. Пешачење. Транзит-френдли. Ако твојата репрезентација игра најмногу од натпреварите во овие градови, тогаш ти си благословен, право чудо на ова Светско првенство во три земји.

10 декември 2025 - 11:08