Симпатична дружба Алкараз - Роналдо

Светскиот тениски број 1 Карлос Алкараз ги започна подготовките за првиот Гренд слем во сезоната, Отвореното првенство на Австралија 2026. Спаринг партнер му беше големиот Роналдо, бразилскиот Феномен кој му подари негов дрес од Бразил со број 9. Каква чест за младиот Шпанец кој ќе напаѓа седма Гренд слем титула во Австралија.

Карлос Алкараз по два пати освои Вимблдон, Отворено првенство на САД и Ролан Гарос а ќе се обиде да круниса кариерен Гренд слем во Мелбурн каде сè уште нема трофеј. 

9 декември 2025 - 15:46