Се спрема спектакл: Мајк Тајсон и Мејведер ќе боксуваат во Африка

Двете боксерски легенди Мајк Тајсон и Флојд Мејведер договориле егзибициска борба за следната 2026-та година. Веќе се зборува за голем настан.

Дуелот како што кажал самиот Тајсон треба да се одржи во март на црниот континент, таму каде се одигра најславната боксерска битка на сите времиња, запаметена како „Rumble in the jungle“ меѓу Мухамед Али и Џорџ Формен.

Организацијата „Ен Експириенс Вит“ пренесува дека „Челичниот Мајк“ е сигурен како овој дуел ќе биде еден од најголемите настани во историјата на боксот.

„Ќе биде во март и ќе биде во Африка. Ќе биде неверојатно. Ќе ги урнеме сите рекорди. Ќе биде тоа еден од најголемите настани во историјата на овој спорт“, рекол Тајсон.

Флојд Мејведер долго време е далеку од професионалниот бокс а кариерата ја заврши со најголеми заработки во историјата поради што го доби прекарот Флојд „Мани“ Мејведер.

Тој извесно време настапува во егзибициски борби па така во рингот боксуваше против Теншин Насукава, Логан Пол, братот на јутјуберот Џејк Пол кој на 19-ти декември ќе боксува против уште еден ветеран - Ентони Џошуа.

48-годишниот Мејведер само од борбата против Логан Пол заработил близу 25 милиони долари!

Мајк Тајсон на боксот му се врати на 59 години, во 2024-та година кога се бореше против Џејк Пол. Тогаш многумина го советуваа Тајсон да припази на своето здравје, да не ризикува зошто боксот носи и животно загрозувачки ситуации.

10 декември 2025 - 10:43