Андреа Пирло беше на прагот да стане нов селектор на Италија но поради тоа што рекламирал руска обложувалница не му дозволија да седне на клупата на аѕурите.
Дарко Спејко, Сашко Коцев, Маријана Станојковска, Буштур, Лино Червар и Зорица Црношија повикуваат на 6-ти, 9-ти и 11-ти да се оди на арена Филип Втори.
Ако не си дел од Барса или Реал не е лесно да запишеш некоја историја во Ла Лига. Но како големо изненадување ете го Леганес, клубот кој го потпиша првиот индиски фудбалер кој ќе заигра во Шпанија.
Со скромно портфолио зад себе, Џампјеро Вентура на 68 години го досонува сонот и стана селектор на Аѕурите. Важи за мачо мен кој има либерални сфаќања и не знае да фрла шишиња вода во соблекувалната. Се ожени летово за 28 години помлада жена.
Трите големи ѕвезди во тимот на Карло Анчелоти очекуваат продолжување на нивните договори, но првиот човек на клубот вели дека проблемот е да се најде начин за да се поврзат минатото, сегашноста и иднината.
Манчестер Сити минатиот викенд го доживеа првиот пораз во Премиер лигата под водство на Пеп Гвардиола, а тој за казна им забрани да користат интернет. Тоа не е ништо кога ќе ги видите што забрануваа други тренери.
Клубот во кој дојде исплашен со насолзени очи, а го напушти како најдобар фудбалер на светот засекогаш ќе биде дел од Кристијано Роналдо. Учел од ветераните Сколс и Бат, а Фердинанд го спасил да не јаде ќотек од Ван Нистелрој зашто не му подавал пред гол.
ТРАНСМЕТ со 11 гола во мрежата на НЛБ Банка стигна до победа, а бодови во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата освоија и екипите на МЕПСО и Адмирал.
За уште сега да им се приклучи е премногу мал, има само 4-5 години, но уште oд сега да тапка две топки наеднаш исто така е мал. Затоа Харлем Глобтротерс објавија дека официјално го поканиле на проба за 18 години.
Ако некој во школо сака да воведе предмет кој ќе се вика фудбал, не мора професорот многу да го тупи и да предава теорија 45 минути. Кога ќе дојде до моментот да објаснува како се игра во напад, еве го часот, трае 7 и нешто минути поделен во 10 дела.
Еден од најголемите капитени во историјата на фудбалот, Паоло Малдини сè уште не донел конечна одлука дали ќе ја прифати понудата на Кинезите кои го купија Милан, да влезе во спортскиот сектор на тимот кој неколку години не знае каде тера.
Легендата на мак кошарката, Тодор Тоше Гечевски најдобрите денови од својата кариера ги мина во хрватски Задар каде имаше иницијатива да му се крене биста пред салата „Крешимир Чосиќ“. На пријателскиот меч Работнички - Фенербахче, по повод 70. роденден на Скопјани, Гечевски ги одигра последните минути во кариерата а публиката долго го скандираше неговото име. Тој е можеби единствениот играч околу кој се сложуваат навивачите на Работнички и МЗТ Скопје. Кавадарчанецот сега работи како тренер на младинците на Работнички.
Те бара славниот Ливерпул чијшто тренер ти кажува дека те сака во тимот затоа што си гол машина, а ти одбиваш и решаваш за многу пари да играш во Кина каде фудбалот уште не бил како денес. Ни приближно како денес и дресовите си ги переш сам дома.
Еден од најдобрите италијански дефанзивци кој во недела ни доаѓа во Скопје, во последно време тешко може да се појави на прес, а да не отвори тема која не е поврзана со фудбал. Оправдано му е.
Не, не е тоа зелен картон за кола без кој не можете да поминете преку граница, туку зелен картон без кој можете, но би било фино да го добиете на фудбалски натпревар. Ќе ви ги бројат за убаво.
Дуел на две легенди или најдобриот напаѓач против најдобриот дефанзивец. Бекенбауер е тој со број 5 кој му влегува во трк на Пеле но го губи дуелот, губи рамнотежа и паѓа на земја. Лошо ќе помине и тој со број 4, но образот ќе го обели голманот.
Фудбалерот на Реал Мадрид Алваро Мората на подготовките на шпанската репрезентација покажа дека селекторот Лопетеги комотно може да смета на него ако Де Хеа, Касиљас или Кико Касиља не се во форма. Се фрлаше како мачка.
Еден од двата најголеми клубови од Мадрид од следната сезона ќе заигра на нов, модерен стадион. Веќе 4.500 сезонски влезници се продадени за следната година, а новиот дом на Атлетико Мадрид ќе собира околу 67.000 гледачи.
Необична сторија стигна од Шкотска каде Карамоко Дембеле, 13-годишно момче од Брегот на Слоновата Коска дебитираше за вториот тим на Селтик. Дембеле влезе во 81’ минута (наместо најмладиот првотимец во историјата на Селтик, 16-годишниот Џек Ачистон) и ги одигра последните 9 минути во триумфот против Хартс (3-1).
Луиџи Дел Нери седнува на клупата на Удинезе и веќе во следното коло ќе се соочи во Јувентус кој го водеше пред пет сезони. Сезоната 2010/2011 беше за заборав бидејќи клубот заврши на седмо место и не избори пласман во Европа.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино не е задоволен со постоечкиот систем на натпреварување на Светските првенства со 32 селекции и според него треба да се прошири на 48 репрезентации од 2026. година.
Се сеќавате на неговите партии од Баерн Минхен. Во моментов има 42 години и игра за Палмеирас. И не само што игра и е капитен, туку е и најдобар играч на теренот. Против Санта Круз постигна еврогол.
Ако не го следите француското првенство, ќе ве изненади изгледот на табелата: После осум кола лидер не е ПСЖ, ниту Монако ниту Лион, туку Ница која што неодамна ја купи една група американско-кинески инвеститори. Лидери се благодарение на Балотели.