Најлошиот трансфер во Шпанија за 2012-та е многу лош избор

На денешен ден пред пет години Марка го бираше најлошиот трансфер во Ла Лига за 2012-та. Резултатите од анкетата ако ги гледате од денешна перспектива се тотален промашај.

Приматот за најлош трансфер во шпанското првенство за 2012 година го доби Лука Модриќ кој го засили Реал Мадрид од Тотенхем за сума од 37 милиони фунти.

Така тогаш гласаа читателите на Марка кои со дури 32,2% од гласовите допринесоа Хрватот да биде прв на оваа непопуларна анкета.

Второто место му припадна на Алекс Сонг кој за 15 милиони фунти направи трансфер од Арсенал во Барселона, а за најдобар трансфер тоа лето беше прогласен Жорди Алба од Валенсија во Барселона.

Модриќ беше изгласан за најлош трансфер по четири месеци престој во Мадрид и по лошото издание со Хрватска на ЕП 2012 која не ја мина групната фаза.

Оваа огромна утка на читателите на Марка ептен многу се коси со оглед на неговите игри и успеси во последните четири години на Бернабеу. Демантот за лошиот избор оди вака:

- Стана стартер на Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти, Рафа Бенитез и Зинедин Зидан.

- Со доаѓањето на Зидан во јануари 2016-та, Модриќ добиваше уште поголеми критики во суперлативи од страна на медиумите и беше опишан како „учител на играта“ и конектор меѓу одбраната и нападот.

- Во сезоните 2013/2014 и 2015/2016 беше прогласен за најдобар играч од среден ред во Ла Ла Лига

- Во сезоната 2013/2014 и 2015/2016 беше во тимот на сезоната на Ла Лига и Лига на шампиони.

- Во ноември 2014-та потпиша нов договор со Реал Мадрид до 2018-та.

- Во октомври 2016-та потпиша уште еден нов договор до 2020-та.

Трофеи?

Лига на шампиони: 2013/2014 и 2015/2016
Супер Куп на УЕФА: 2014-та и 2016-та
Светско клупско првенство: 2014-та и 2016-та
Копа дел Реј: 2013/2014
Супер Куп на Шпанија: 2012

10 јануари 2017 - 16:42