Offside

Ваков дуел немало и тешко дека ќе има. Ризично по живот.

Топ 25 одбрани за 2016-та

Кога Буфон, Харт, Навас, Де Хеа, Ноер, Хандановиќ и Браво ги имаме во едно видео тогаш јасно е што ќе се гледа. Иако оваа компилација немаше да биде толку атрактивна ако ги намаше лудачките интервенции и на другите за нас непознати голмани.

Филип Лам – модел за светски успешен фудбалер

Тој е еден од моите омилени играчи кој ретко ја додава топката назад и кој е одличен во лизгачки стартови. Кога ќе ме праша некој како сакам да играм фудбал, им пуштам клипови од Лам, се вели во анализата за германскиот репрезентативец.

Човекот против кој тешко се добива дуел

Ако борец број 1 во Премиер лигата е Канте, тогаш во Серија А тоа дефинитивно е Наинголан. За фудбалерот на Рома дури и чудно е кога ќе се види дека вкупно 8 години од кариерата потрошил во Пјаченца и Каљари.

Како некому со дриблинг да му завршиш кариера

Рикардо Орсолини има 18 години и е дете на италијанскиот Асколи. За него се интересираат сите великани од Серија А, а еве и зошто.

Шанса за Македонија, ФИФА воведува Мундијал со 48 земји

Идејата на новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино за Светско првенство со 48 репрезентации поделени во 16 групи по три селекции веројатно ќе биде разгледувана на Конресот на ФИФА утре во Цирих.

Феноменален потег на навивачите на Морекомб

Џим Бентли, тренерот на Морекомб после декемврискиот домашен меч од ФА Купот добил суспензија од два меча и казна од 750 фунти. По мислењето на ФА, Бентли често го напуштал техничкиот простор и ги загрозувал противниците и судијата кој му дал црвен картон во 39’ минута. Навивачите после сè не го оставија на цедило и собрале 1.000 фунти коишто синоќа му ги дале за казната после триумфот од 4:1 во првенството.

Како брани Џиџо Донарума на тренинг

Иако во февруари ќе наполни 18 години, Џанлуиџи Донарума веќе го доби статусот наследник на големиот Буфон. Донарума од натпревар во натпревар потврдува дека Италија и Милан ќе имаат голман на долги патеки.

Вејн Руни работи најдобро со десна во шеснаесетник

По пауза од 43 години се најде јунак кој го стигна најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Сер Боби Чарлтон. Тоа е Руни кој 12 годишниот стаж на Олд Трафорд го круниса со 249 гола, бројка која сигурно уште ќе расте.

Фудбалерот на кој му здосади во одбрана

Џонатан Клаус има 33 години и е дефанзивец на францускиот третолигаш Авраншен. Со други зборови, човекот добил желба да се проба во напад и успева да држи инает 70 метри против сè живо што ќе му се појави на патот.

Што значеше да ги имаш Монтела и Манчини во напад

Еден доста интересен, атрактивен и богат ретро флеш од Серија А со 9 голови во кои главни протагонисти се двајца актуелни тренери кои важеа за големи стрелци во 90-те.

Почетоците на Ибрахимовиќ

Трејлер од документарецот „Becoming Zlatan“ со ретки снимки од деновите кога беше млад и се пробиваше почнувајќи од Малме, а претходно и Балкан, клуб формиран од мигранти од нашиве простори. Прецизни зборови за неговата моќ со топката користи и татко му.

Фудбалер со презиме како ви-фи пасворд

Бундеслигашот Борусија Менхенгладбах се пошегува со новиот фудбалер на клубот, Французинот Тимоти Колоџејчак. Германците мака мачеле со изговорот на неговото презиме па на крајот решиле на дресот да му пишува Коло. Добро, не е дека и Борусија Менхенгладбах има лесно име за читање.

Две години без „Црниот пантер“

На 5 јануари 2014-та фудбалскиот свет го напушти Еузебио - кралот на португалскиот фудбал и еден од најголемите на сите времиња. Во фудбалот остави фасцинанти бројки како на пример 11 првенствени титули со Бенфика и вкупно 790 голови за клуб и репрезентација. Во 62-ра Бенфика ја качи на Европскиот трон, а во 65-та ја освои Златната топка. Безременско легендиште.

После силен сервис во глава, бакни ја да пројде

На Хопман Купот во Перт играа Шпанецот Фелисиано Лопез и Американецот Џек Сок. Во еден момент Лопез сервираше силно и ја погоди во глава жената која што собира топчиња. Тогаш на сцена настапи џентлменот Сок.

Правилата во кинескиот фудбал и моќната седумка

Кинеското цунами кое го погоди европскиот фудбал не може да биде толку големо како што изгледа бидејќи клубовите се лимитирани на четворица странци во екипа. Приоритет е да има место за Кинезите кои треба од нив да научат фудбал. Работата изгледа доста сериозна бидејќи во игра се влезени најголемите светски компании.

Како Зидан стана голем тренер

Пред точно една година Зинедин Зидан стана тренер на Реал и веќе докажа дека е голем стратег: 3 трофеи (ЛШ, Суперкуп на Европа, Клупско Светско). 53 меча, 41 победа, 10 нерешени и само 2 порази.

Навивач на Сасари го турна Роко Лени Укиќ па настана хаос

На 3,6 секунди до крајот на мечот меѓу Динамо Сасари и АЕК во кошаркарската Лига на шампиони еден навивач со сета сила го турна Хрватот Роко Укиќ. Следуваше реакција од полицијата која едвај го истера надвор гледачот. На крајот победи Динамо Сасари со 80-79.

Седум флаши вино за седумте гола против Рома

Манчестер Јунајтед пред 10 години ја смачка Рома во Лига на шампиони со 7:1. Одличен повод за навивачите на Лацио со години да му фаќаат сеир на нивниот најголем ривал за висината на поразот.

Му е гајле на Ибрахимовиќ ако снимаш реклама

Хенрик Михтарјан реши да ги поздрави навивачите на Манчестер Јунајтед од Јужна Кореа и да им честита празници. Ама пред да почне, зад сцената настапи кој друг ако не Златан.

Необични податоци за неверојатниот Деле Али

Ѕвездата на Спарс со два гола ја прекина серијата на Челси од 13 победи и покажа дека игра во животна форма. Притоа ги збогати и статистиките.

Прием на Марсело за сите пари

Реал Мадрид синоќа лесно со 3:0 уште во прво полувреме ја совлада Севиља во Копа деј Реј. Потегот на вечерта без конкуренција е на Марсело.

Што се крие зад мегаломанските и нереални понуди на Кина во европскиот фудбал

Кинезите на Карлоз Тевез му дадоа годишна плата од 38 милиони евра, а денеска на Борусија Дортмунд ѝ понудија 150 милиони евра за Обамејанг. Идни планови? До 2050-та фудбал да заиграат 50 милиони Кинези и да станат Светски прваци.