Џим Бентли, тренерот на Морекомб после декемврискиот домашен меч од ФА Купот добил суспензија од два меча и казна од 750 фунти. По мислењето на ФА, Бентли често го напуштал техничкиот простор и ги загрозувал противниците и судијата кој му дал црвен картон во 39’ минута. Навивачите после сè не го оставија на цедило и собрале 1.000 фунти коишто синоќа му ги дале за казната после триумфот од 4:1 во првенството.