Иако поранешниот капитен на Германија најголем дел од кариерата ја одигра како бек, кога Пеп Гвардиола го презеде Баерн Минхен во 2013-та го прекомандува во среден ред. Со оглед на тоа што важеше за еден од најдобрите поединци на својата позиција, оваа негова промена беше изненадување. Со таа негова позиција добивме привилегија да гледаме како Лам доминира и држи лекции како се игра во среден ред.
5 квалитети кои го прават Филип Лам голем играч:
ПРИЛАГОДЛИВОСТ
Способноста на Филип Лам да игра на врвно ниво на повеќе позиции е сон за секој тренер. Тој е модел за конзистентност и може во одбрана да му игра еден на еден на Кристијано Роналдо. Со тие квалитети што ги поседува може да биде удобен секаде на терен.
СИГУРНОСТ
Кога ја има топката ретко се врти наоколу. Начинот на кој ја контролира играта на долното видео против Баер Леверкузен е убавина. Секогаш се става во позиција да прима додавања од соиграчите и во исто време кога ја добива топката, ја штити и да дава со леснотија.
ЛИДЕРСКИ СПОСОБНОСТИ
Лам е роден лидер е инспирација за другите околу него. Беше еден од водечките репрезентативци на Германија кога ја освоија светската титула во 2014-та и капитен на Баерн со години. Игра со сè она што го поседува и не се штеди, а таквата навика го вади најдоброто кај неговите соиграчи.
„Најважниот квалитет во играта е страстра“, изјави Лам.
ОДЛИЧЕН ДОДАВАЧ НА ТОПКИ
Друг клучен атрибут во неговата игра е способноста за додавање онаму каде што треба. Со тоа тој речиси секогаш дели топки на играчите кои се во фаза на чекорење, а оди и брзо напред кога ќе му се појави можност. Тоа негово знаење често резултира со гол.
ВИСОКО ФУДБАЛСКО IQ
Многу тренери имаат пофалби за неговата интелигенција. Иако неговата игра на терен зборува сама по себе, оваа изјава на Пеп Гвардиола е голема пофалба за него.
„Лам е најинтелигентен играч кој некогаш сум го тренирал“.
Играта на Филип Лам може да служи како фудбалски прирачник за младите кои треба да обрнат внимание на овие точки:
Работа на техниката: Колку подобра техника толку поголема способност за игра на секоја позиција. На Лам тоа му овозможува прецизно да додава и да оди во напад кога му се јавуваат можности.
Заштита на топката: Секогаш треба да се стремите да ја штитите топката и кога ја додавате тоа да биде на нога. Тоа помага да се размислува еден чекор понапред.
Позиционирање: Да се биде на точно место е од голема важност за успех. Кога сте во одбрана обидете се да го навлечете напаѓачот на неговата послаба нога. Бидете трпеливи и бидете спремни и на клизачи во случај да ви ја земат. Од друга страна кога друг ја има топката, барајте слободен простор.
Игра со страст: Кога ќе влезете на терен, дајте сè што имате и работете напорно. Ако бидете таков, секој ќе сака да ви биде колега.