Вејн Руни работи најдобро со десна во шеснаесетник

По пауза од 43 години се најде јунак кој го стигна најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Сер Боби Чарлтон. Тоа е Руни кој 12 годишниот стаж на Олд Трафорд го круниса со 249 гола, бројка која сигурно уште ќе расте.

Руни стигна до 249 гола за Манчестер Јунајтед четири сезони побрзо од Чарлтон и за тоа му беа потребни да одигра 543 меча, а на Чарлтон 758.
 
Актуелниот напаѓач постигна 179 гола во Премиер лига, 22 во ФА Куп, 5 во Лига Куп, 39 во Европа и 4 на пријателски дуели.
 
213 голови постигна во шеснаесетник, 36 надвор од шеснаесетник и само 5 од слободен удар. Најубиствен се покажал со десна нога.

По трансферот од Евертон во 2004-та вреден 27 милиони фунти, Руни на дебито за Јунајтед постигна хет-трик против Фенербахче во Лигата на шампионите, средба која заврши 6:2.
 
Во сите сезони за Манчестер Јунајтед успеа да постигне двоцифрен број на голови, а најдобро му одеше во сезоните 2009/2010 и 2011/2012 кога стигна до рекордни 34 погодоци.
 
Најмногу му лежи Астон Вила која ја треснал 14 пати.

Топ 10 стрелци во историјата на Манчестер Јунајтед.

Минатата година Руни стигна до 53 гола за англиската репрезентација и го собори рекордот на Чарлтон кој остана на 49.
 
249-от гол на Руни
 
 
8 јануари 2017 - 13:01