Лацио во тоа време го водеше Делио Роси, тренерот кој најмногу веруваше во Горан Пандев и кај кој беше незаменлив во напад. На денешен ден пред точно 8 години Роси на гостувањето против Реџина се реши за офанзивна тактика со тројца напаѓачи Ѕарате - Пандев - Роки.
Домаќините водеа 1:0 и потоа израмнуваа на 2:2, но немаа одговор за македонскиот напаѓач кој со тогашните 25 години беше во топ форма.
Пандев ја играше петтата и последна сезона за Лацио од каде поради инаетот на Клаудио Лотито мораше да си замине по судски пат, а колку беше важен за клубот од Рим покажува изјавата на Делио Роси.
Весниците од тој 11 јануари 2009-та