Offside

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски, ја одбрани светската титула во перолесна категорија, откако на настанот УФЦ 333 во Абу Даби дојде до спектакуларна победа над досега непоразениот Мовсар Евлоев.

Македонски кафулиња обоени во боите на Јувентус

Актуелниот италијански шампион ѝ се остреше на моќната Барселона за поразот во финалето пред две години и направи специјално мотивирачко видео пред мечот. Сето тоа вроди со плод. Јувентус беше надмоќен и заслужено ги доби првите 90 минути со убедливи 3:0. Фантастичен повод и за македонските Јувентуни да уживаат во триумфот.

Фото на денот

Никогаш не ја потценувај Старата Дама.

Борусија Дортмунд ги има најдобрите навивачи во свет

Ако се прашувате како доаѓа до збратимување на две навивачки групи како што се Комитите со оние на Шалке или со Војводи од Тетово, еве одличен пример од вчерашната ноќ во Лигата на шампионите по која фановите на Борусија и Монако дефинитивно ќе станат пријатели.

Јувентус ја торпедираше Барса, Дибала јунак

Бјанконерите ја продолжија серијата од 17 меча без пораз на домашен терен во Лигата на шампионите, откако вечерва тотално ја надиграа анемичната Баселона и со една нога се во полуфиналето.

Експлозија во автобусот на Дортмунд, мечот со Монако се одложува?

На официјалниот Твитер профил на Борусија Дортмунд се појави мошне штура информација дека клупскиот автобус со играчите доцни, дека Марк Бартра е повреден од некоја експлозија и дека наскоро ќе има повеќе информации.

Ова е потешко да се утне отколку да се погоди

Милос Пибецки од Полска реагираше како секој нормален напаѓач што би реагирал кога има игра еден на еден со голман, но замислете тоа што го направи потоа да беше клучна акција за решавање финале во Лига на шампиони или Светско првенство? Па нема да смееше од дома да излезе.

Екипите кои од прва успеаа да стигнат до четвртфинале во ЛШ

Јунаците на Клаудио Раниери кои по сезоната за опстанок во следната го кренаа трофејот во Премиер лига, не се единствен тим кој во дебитантската сезона во ЛШ влегоа во друштво на најдобрите 8. УЕФА нè потсети на уште шест такви примери кои ја изненадија Европа.

Старата Дама знае да памти па да врати

Јувентус е една од ретките екипи која загубила дури 4 финалиња во Лигата на шампионите. По големите разочарувања, секој пат кога се сретнувал со истиот противник Јуве се одмаздувал.

Како да изнервираш навивач на Арсенал за една минута

Потсети го што сè освоија играчите кои не успеаа да ги задржат или покажи му ја табелата во Премиер лига во изминативе 10 години. А да не збориме за нивниот вечен пласман во Лига на шампиони кој фали во видеово.

Шек ги одбра Топ5 најсмешните потези во НБА

"Shaqtin' a fool" се вика неделниот сегмент кој се дава на телевизиското шоу Inside the NBA. Во него Шекил ги прикажува најсмешните инсерти од одиграните натпревари. О’Нил пред почетокот на плејофот ги прогласи петте најсмешни потези во НБА сезонава.

Ноќта кога Јувентус посака да го има 18 годишниот Меси

Летото 2005-та на Камп Ноу, Јувентус беше поканет на мечот под името „Trofeo Gamper“, натпреварување кое се игра од 1966-та во чест на основачот на Барселона. Капело во напад ги имаше Дел Пјеро, Ибрахимовиќ, Трезеге, Муту и Ѕалајета, но се заљуби во талентот кој потоа ќе стане број 1 во свет.

Келнерот што местел кригли прави чудесен Дортмунд

Претставник е на модерната школа а уникатен е по тоа што за секој следен натпревар има различен систем на игра. Играчите ги носи да тренираат на нерамни и лизгави ливади за подобра контрола на топка, а за да не влечат за дрес им дава тениски топчиња во раце.

Детскиот сон на Маркус Рашфорд

Илјадници деца на планетава си посакале или помислиле колку би било убаво еден ден да го облечат дресот на Манчестер Јунајтед, но не е секој Рашфорд. Малиот тоа го посака и сè што се викаше деби настап го претвори во гол. Плус на 19 години игра со Златан.

Хитот на Ед Ширан со имиња на фудбалери

Летово додека ќе се врти хитот 'Shape of You', некој ќе ја потпевнува оваа верзија во која се споменуваат Суарез, Колочини, Лукаку, Фаулер, Варди и останатите.

Дали да го жалиш или да му се смееш

Кристал Палас, тим кој се бори за опстанок синоќа го посрамоти Арсенал со 3:0 и му нанесе нов срамен рекорд на Арсен Венгер. Подавањето и потоа паѓањето на Гранит Џака од ништо е огледало за синоќешниот очаен настап на Топџиите.

Лукоил ја оправда улогата на фаворит во дуелот со НЛБ Банка

Во првиот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил ја декласираше НЛБ Банка, а Отка и Гранит одиграа без победник.

Џузепе Роси - Најмалериозниот фудбалер во Европа

Денес од Селта Виго соопштија дека италијанскиот напаѓач Џузепе Роси ги скинал предните вкрстени лигаменти и дека ќе отсуствува 6-7 месеци од теренот. Веќе ни самиот не знае по кој пат ја доживува истата повреда.

Како Јуве се мотивира за Барса

По пет последователни Скудета, а на повидок е и шесто, на фудбалерите на Јувентус им треба нов предизвик. Тој се вика Барселона во четвртфиналето од ЛШ. За таа цел клубот ги ангажираше Дибала, Сандро, Манџукиќ и Бонучи и направо одлично мотивирачко видео за кревање на андреналинот пред утрешната мега пресметка со пораката „Сега е време“.

Што не употреби магија против Малага?

Во пресрет на сега веќе епскиот дуел против ПСЖ каде направија чудесен пресврт, група фудбалери на Барса предводени од Суарез и Пике одат на средба со познатиот британски магионичар Динамо којшто на необичен начин ги мотивира како да веруваат во нешто нереално.

Првиот Северно Кореец кој даде гол во топ лига

Со голот на мечот Каљари - Торино, Кванг-Сон Хан стана првиот фудбалер во историјата од Северна Кореја којшто дал гол во една од Топ 5 лигите во Европа и претставник на 35-та земја кој дал гол во Серија А.

Писмото за благодарност кое го доби Фергусон за оние 7:1 во ЛШ

10 април 2007-ма е историски ден за Манчестер Јунајтед и Рома, а нај најсеирџиски за навивачите Лацио. Првите ги исплескаа вториве како мали деца, а третиве и 10 години од тогаш се ситат.

Кога Панчев го скроти Баерн во Минхен

На 10. април 1991 година, пред точно 26 години на Олимпискиот стадион во Минхен се играше полуфиналето на Купот на Европски шампиони. Баерн поведе преку Волфарт во 22. минута а Панчев во финишот на првиот дел израмни на 1-1 за да Савичевиќ во 70’ минута на Звезда ѝ донесе голем триумф пред реваншот на Маракана.