Писмото за благодарност кое го доби Фергусон за оние 7:1 во ЛШ

10 април 2007-ма е историски ден за Манчестер Јунајтед и Рома, а нај најсеирџиски за навивачите Лацио. Првите ги исплескаа вториве како мали деца, а третиве и 10 години од тогаш се ситат.

Сезоната 2006/2007 беше сезона на Милан во ЛШ кога во финалето во Атина славеше 2:1 против Ливерпул како еден вид одмазда за кошмарот во Истанбул.

Едно од четвртфиналињата беше дуелот Рома – Манчестер Јунајтед. Во Рим заврши 2:1, а на реваншот кој се одигра пред точно 10 години Панучи, Тоти, Де Роси, Вучиниќ и компанија си заминаа понижени откако Дони седум пати ја вадеше топката од гол.

Навивачите на Лацио до толку уживаа во високиот пораз на нивниот вечен ривал, што решија да му се заблагодарат на Фергусон и неговите играчи со подарок од седум шишиња вино.

„До Сер Алекс Фергусон и играчите на Манчестер Јунајтед

“Ние сме навивачи на Лацио, најстариот и најблагодарниот фудбалски клуб од Рим и сакаме да ви честитаме за одличното издание во четвртфиналниот меч на Олд Трафорд против Рома во ЛШ.

Како што знаете, римското дерби (Лацио – Рома) е едно од најжестоките во светот и едново 365 дена во годината. Вашата победа од 7:1 против вториот клуб од Рим доби место во историјата на вечниот град до спомениците кои го направија овој град познат.

Ве молам прифатете го овој подарок од седум флаши црвено вино за потсетување на седумте гола кои ги постигнавте и во знак на пријателство и благодарност. На здравје“

Едвај чекаме да се сретнеме

Навивачите на Лацио

 

10 април 2017 - 13:21