Се појави со долга коса и со дрес број 30, а Франк Рајкард го смести во формација 4-3-3, во напад заедно со Роналдињо и Ларсон. Тој 24 август 2005-та година беше всушност неговиот дебитантскиот меч како стартер на Барселона.
Остана на терен 90 минути се додека не беше заменет со Жули и уште веднаш се виде за какво дете се работи. Канаваро, Кјелини, Зебина и Виера се бореа со новата пргавост и брзина и мораа често да се служат со прекршоци за да го сопрат.
„Меси го имав гледано како игра за младинскиот национален тим на Аргентина и тогаш ми изгледаше надежен играч. Потоа кога го гледав на Камп Ноу во дресот на Барселона пред таква публика, ми стана јасно дека никогаш не сум видел фудбалер со такви квалитети“, изјави Фабио Капело.
Мечот заврши 2:2, а потоа Јуве беше подобар на пенали. Меси не постигна гол, но му даде топка со очи на Иниеста кој израмни откако Дел Пјеро погоди од пенал. 9 минути потоа Џовани ван Бронкорст со бомбастичен удар направи целосен пресврт, а Трезеге од белата точка го постави конечниот резултат во регуларниот дел.
За овој меч се раскажува анегдотата дека иако Меси бил на сам почеток и имал постигнато само еден гол за Барселона, Фабио Капело повеќе пати се обидувал да го доведе во Јувентус, барем на позајмица. Холандскиот стратег Франк Рајкард тоа не го дозволувал и затоа никогаш нема да дознаеме каков успех ќе имаше Меси доколку кариерата ја продолжеше во Серија А.
„Капело го гледаше Меси како поразличен играч и ни кажа дека ќе биде еден од најдобрите во свет. Ако Јувентус останеше во Серија А и го купеше Меси, ќе успеевме да ја освоиме Лигата на шампионите, за тоа немам никаков сомнеж. Веројатно Меси во Јувентус немаше да освои толку трофеи како во Барселона, но на личен план ќе ги освоеше сите премии“, смета Марио Герман Каморанези.
Инсерти само со Меси од тој дуел
Хајлатс