Лукоил ја оправда улогата на фаворит во дуелот со НЛБ Банка

Во првиот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил ја декласираше НЛБ Банка, а Отка и Гранит одиграа без победник.

Лукоил ја оправда улогата на фаворит во дуелот со НЛБ Банка
НЛБ Банка 3-12(1-7) Лукоил
НЛБ Банка: Мирослав Јовановски 12’ Жарко Димитриевски 26’ Иван Стојанов 27’
Лукоил: Дејан Зиков 5’ 32’ 36’ Љупчо Апостоловски 6’ Васко Стефанов 7’ 8’ Александар Аврамоски 9’ Станој Коцев 10’ 28’ Петар Костов 13’ Анѓелчо Арсов 21’ Жарко Климкаров 23’
Осумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на НЛБ Банка и Лукоил.

Екипата на НЛБ Банка настапи ослабена во скратен состав практично без измена по што на Лукоил му припадна приматот на фаворит во овој натпревар. Лукоил уште на самиот страт ги оправда очекувањата влезе во натпреварот мошне мотивирано со агресивна игра и притисок на предно поле по што изнуди многу грешки одбраната на НЛБ Банка па следуваше казна. Уште во првата половина од првото полувреме екипата на Лукоил стекна недостижна предност која ја одржуваше и зголемуваше во текот на целиот натпревар. НЛБ Банка не можеше во ваков состав да се снајде против фаворитот Лукоил кој го доби овој натпревар со 3-12. Полувреме 1-7.

Во егал натпревар Окта и Гранит ги поделија бодовите
Окта 2-2(1-1) Гранит
Окта: Драганче Стојановски 13’ Александар Јовчевски 24’
Гранит: Стефан Тевдовски 10’ Дарко Стојановски 25’

Првото полувреме го окарактеризира крајно израмнета игра во брз и отворен фудбал и на двете страни. Екипите на Окта и Гранит не успеаа резултатски да се одлепат играа фубал во кој и двете екипи рамномерно ги распределија силите. Првото полувреме заврши со нерешен резултат од 1-1 каква што впрочем беше и играта. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам играјќи израмнето и на двете екипи успеаа да постигнат по еден гол по што се влезе во егал завршница. Во ваквата инфаркт завршница ниту една од екпите не успеа да постигне победнички гол па на крајот одиграа со израмнет резултат од 2-2.

11 април 2017 - 09:09