Експлозија во автобусот на Дортмунд, мечот со Монако се одложува?

На официјалниот Твитер профил на Борусија Дортмунд се појави мошне штура информација дека клупскиот автобус со играчите доцни, дека Марк Бартра е повреден од некоја експлозија и дека наскоро ќе има повеќе информации.

Полицијата во Дортмунд соопшти дека Бартра имал посекотини на раката од пукнатото стакло на предното стакло на автобусот, но отфрла наоди дека експлозијата била подметната и најверојатно нешто се случило на самиот автобус.

Според последните информации на локалната полиција, експлозија се случила во местото Хештен кое е на десет километри од стадионот на Дортмунд и не се знае дали тој настан има некаква врска со клупскиот автобус на Борусија.

БиБиСи пишува дека УЕФА заедно со домаќините и гостите одлучила мечот да се одигра утре вечер од 18:45. Околу 3.000 навивачи на Монако откако спикерот ја соопштил веста дека мечот се одложува за утревечер скандирале: „Дортмунд, Дортмунд!“

 

11 април 2017 - 20:36