19 годишниот талент Маркус Рашфорд е дете на Манчестер Јунајтед од 7 годишна возраст, а на Инстаграм објави стара слика од него и краток текст за неговата животна цел која ја имал на 11 години.
„Се надевам дека мојата иднина е многу светла во и надвор од школо, особено во кариерата како фудбалер. Сакам да имам различен животен стил и да го направам семејството и другите горди на мене. Има само една цел во животот, а тоа е да бидат професионален фудбалер со надеж во Манчестер Јунајтед“.
Осум години подоцна Рашфорд го живее својот сон во Манчестер Јунајтед веќе втора сезона. Лани доби шанса на 18 средби и постигна 8 голови, а сезонава е на ист број на погодоци на 41 средба на сите натпреварувања.
Првата сезоната за неговиот тим кој е сон од детството ќе им ја раскажува и на внуците бидејќи таа не можеше да биде поуспешна на личен план. Сите шанси кои му се укажаа на своите дебитантски настапи тој ги претвори во гол.
Во февруари 2016-та влезе против Арсенал и на деби настапот во Премиер лигата постигна гол, а потоа истото го направи и во Лига Европа со што го сруши рекордот на Џорџ Бест како најмлад стрелец на Манчестер Јунајтед на европските натпреварувања.
Со 18 години и 141 ден, Рашфорд стана и најмлад стрелец на градското дерби во Манчестер откако е формирана Премиер лигата. Гол постигна и на деби настапот во Лига Купот.
Во мај минатата година Рашфорд доби шанса да дебитира за репрезентација и таа шанса ја искористи да стане најмлад стрелец за Англија на деби настап. Потоа Рој Хоџсон го повика за ЕП 2016.
11 year old with a dream... pic.twitter.com/9gPjmViyph
— Marcus Rashford (@MarcusRashford) April 10, 2017