Шпанија го владее фудбалот. Само во последните четири години освои Лига на нации 2023, Олимписки игри 2024, Европско 2024 и Светско 2026. Кога овие успеси ќе се спојат со клупските, резултатот е надреален.
И покрај тоа што Вардар загуби убедливо и на вториот меч во Лига Европа, нивниот дебитантски гол во ова натпреварување ќе се памети долго. Хуан Фелипе на работ на шеснаесетникот реагираше како Тоти и Пирло. Убавина за око која МРТВ може слободно да ја смести на најавните шпици.
Фудбалерите на Реал Сосиедад синоќа загубија од Зенит со идентичен резултат како Вардар од Розенборг во групата Л од Лига Европа, а за вториот гол Аргентинецот Херонимо Рули исплива како мало дете.
Фудбалерите на македонскиот првак загубија 3-1 од норвешкиот шампион Розенборг во 2. коло од Лига Европа. Хуан Фелипе постигна убав гол, прв во групната фаза.
Основачот на Плејбој почина синоќа на 91-годишна возраст а во знак на негово сеќавање избравме 12 најдобри насловници од магазинот на Хеф со спортистки.
Старата амбалажа на кока кола, вино-розе, костум, кошулче, кравата, густи коси. Спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев и техничкиот Илија Најдоски на некоја поодамнешна прослава со веројатно омилената песна на Кобра кој е во транс. Легенди.
Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер котира доста високо во светот на тролањето, но вечерва ќе го напаѓа Вардар како втор стрелец во норвешкото првенство и затоа пожелно е цврство да се чува.
Ќе бидете добри да ни помогнете кај нас колку клубови се викаат Вардар освен оној од Брвеница, оној од Неготино и шампионот на земјата од Скопје. Ние за тоа време најдовме каква е ситуацијата во Романија.
Има две верзии за распуштањето на клубот од кои едната е пласирана во јавност како официјална, но која и да е точна, едно е сигурно, на 8:0 им се случи требење.
Играа Копенхаген - Брондби на 4. мај 2014. Ова е најголемо градско дерби во Данскиот фудбал. Домашните навивачи на клубот кој летово загуби во Скопје од Вардар направија сензационална кореографија на која може да им завидат и во Кореја.
Не би било неправедно ако луѓето од комисијата во ФИФА коишто ги номинираат кандидатите за „Гол на сезоната“ да го затворат годинешниот избор. Фудбалерот Амаури Еското од мексиканскиот тим Лобос БУАП постигна страшен гол против Чивас. Браво мајсториште!
Добрите познавачи на фудбал нема воопшто да се чудат на ова и одма ќе им стане јасно што му скандираа навивачите на Спортинг на Меси на синоќешниот меч од ЛШ. Епа Роналдо таму ја почна кариерата, сигурно нема да му се клањаат на Меси.
Во групата Б од ЛШ каде ПСЖ синоќа стигна до два од два, првите бодови ги освои и Селтик кој го попари Андерлехт на гости со 0:3. Акцијата на првиот гол на на почеток изгледа досадна за гледање и безнадежна, ама дечките трпеливо врзаа 28 додавања по ред и бап голче.
Бенфика доживеа потоп и можеби најтежок пораз во европските натпреварувања. Конте и Челси освоија екстремно важни три бода пред самата судиска свирка за крај, а Јувентус рутински го победи Олимпијакос.
Навивачите на редовниот учесник на европските натпреварувања АПОЕЛ од Никозија ги изненадиле гостинските навивачи од Лондон на мечот против Тотенхем синоќа.
Ваков вид на казни да има на Балканов, стадионите ќе бидат уште попразни од што се сега. Ама Англија е Англија, а правилата се тип топ стокмени уште од времето на Маргарет Тачер која стадионите ги направи како кино сали. Кој не ги почитува, ќе седи дома.
Долгорочната удобност, спортскиот и лежерен изглед, современиот и ненаметлив дизајн на моделите од новата adidas NEO и оваа сезона е добитна комбинација за кул дечките и девојки.
Изминативе 7-8 години, па и повеќе навивачите на Барселона уживаат во дисциплините слалом и велесласом кои се специјалност на Меси. Некое време претходно на противниците во Шпанија топката им ја криеше еден друг Јужноамериканец.
Во второто коло од Лигата на шампионите Рома вечерва му гостува на шампионот на Азербејџан којшто е во егзил во Баку повеќе од 20 години по разурнувачката војна во Агдам.
Кога ќе видите за колку пари се договориле да наместат натпревар и колку им останале, ќе ви падне жал за суспензијата и ќе посакате да ги вратат на терен. Ова го има само во Африка. Ама тоа не е сè, на крај не го ни наместиле мечот.
Речиси со секој негов гол во Лига на шампиони руши по некој рекорд, а толку многу ги има што статистичарите веќе како да се опседнати со него. 15-те гола за Манчестер Јунајтед и оние 90 за Реал Мадрид му донеле 15 рекорди. Ајде со ред.
Фудбалерите на турскиот шампион Бешикташ се најпријатното изненадување во првите две кола од Лигата на шампионите. Носени се на крилјата на пеколно гласните навивачи од кои некои играчи вистински се плашат доле на тревникот.
Човекот во кој е заљубен Покетино и за кој и Клоп на мајтап рече дека го сака, синоќа против АПОЕЛ постигна три гола и тоа со десна, лева и со глава. За 100 гола му беа потребни 169 меча, за разлика од Меси на кои му требаа 188, а на Роналдо 253, па сега вие видете за каков ураган се работи.