Offside

Кошаркарите на ТФТ Скопје се држеа до самиот финиш со Широки Бријег во финалето од баражот за пласман во АБА лигата но на крајот изгубија со многу убедливи 88-69. Практично 19 разлика на кои кумуваа и некои спорни судиски одлуки.

Меси се закачна со Витиња, па се смирија

Во осминафиналето на Светско клупско првенство некогашниот клуб на Лионел Меси, европскиот шампион ПСЖ со 4-0 го растури Интер Мајами. За тимот од САД играа ветераните од Барселона кои имаат 37 и 38 години а ПСЖ лесно се справи со нив. Меси нервозен во еден момент го нападна Португалецот Витиња, но на крајот од мечот се смирија и гушнаа.

Кога Бергкамп се чудеше на сопствена мајсторија

Денис Беркгамп, едно од најкултните холандски фудбалски имиња и се разбира еден од најголемите холандски мајстори во историјата. Има пар голови кои се негова одлика и кои никој ги нема повторено.

Наставнику, ти си луд

Според описот на видеово кое го најдовме, наставници и ученици се собрале да играат фудбал. Игнорирајте го квалитетот на снимката и погледнете го потегов на еден од наставниците. Сте виделе ли некој да продаде ваква финта во маало?

Шева во која нејќеш да бидеш во средина

Фудбалерите на Барселона се загреваат на Вембли пред финалето од ЛШ 2011 против Манчестер Јунајтед. Вртоглавица од гледање се добива, а не па треба да им ја земеш. 

Нецивилизиран потег во тајландскиот фудбал

Се вика Аисарет Ноичаибун и игра за Бангкок, а тоа што му дале црвен картон и три години забрана за играње фудбал е малку. Не сме виделе до сега вакво силеџиство во фудбал. 24 конци заработила жртвата.

Кој е Далибор Сирола, новиот тренер на Новак Ѓоковиќ?

Го направи Зверев „ѕвер“, плус ги има тренирано Шарапова и Синер.

За историскиот гол на Алисон Бекер

16 мај 2021-ва. Ливерпул - Вест Хем 1:1, почнува судиско. Се чини неуспешна и разочарувачка сезона за Ливерпул. Им треба победа за да останат во игра за топ 4 и пласман во ЛШ. Од нигде никаде, на центар шут на Арнолд во 95-та минута, скока Бекер, создава вистинска лудница и станува прв голман во историјата на Ливерпул кој успеал да постигне гол. Клоп: Еден од најемотивните моменти во мојот живот. Бекер: Мислам дека Салах повеќе се радуваше на мојот гол, отколку на неговите од цела кариера.

Куса приказна за една газдарица на хотел и нејзиниот гостин

Има луѓе, што не пратат и буквално појма немаат од спорт. Една таква жена има во Италија и држи хотел.

Панчев го објаснува пеналот кој го погоди за европска титула

Вечно култни муабети се овие, неисцрпни веќе 34 години. Дарко го објаснува дуелот со Олмета, вреден трофеј во тогашниот Куп на Европски шампиони. „Кога голманот ќе се скрши на едната страна, ни со такси не може да се врати на другата“, вели Панчев.

Само Руни го има направено ова во МЛС

По блесокот во Евертон и особено во Манчестер Јунајтед, Вејн Руни 2018/2019 ја одигра во ДС Јунајтед. Погледнете на што налетавме од тоа време. Во еден момент се претвори во Фабио Канаваро, а потоа во Дејвид Бекам. Страшно е ова што го одигра.

А го слушнавте ли Брајан како везе македонски?

„Луѓето често ми пристапуваат на англиски, не очекуваат дека зборувам македонски и сите се чудат кога ќе им вратам на македонски“, вели Брајан Авиа, носител на пет државни рекордни под знамето на Македонија.

Кој против кого во нокаут фаза?

Завршија групите од Светското клупско првенство. Ќорав натпревар не изгледавме. Немаше пренос на Арена, јебига. Ама се изнагледавме хајлајтси. Допрва почнуваат јаките битки.

Де бе другар, 7 метри е голем голот

Коџо Фо-До Лаба од Ал Аин, се прослави на Светското во САД со завршница против Видад, која не смее да си ја дозволи ниту на пријателска. Го имаме ли најголемото промашување на мечевите од групната фаза?

Јапонците се класа од навивачи

Не е битно дали одат на Светско, Европско, клупско, репрезентативно или било какво првенство. Џам ја прават трибината, каде и да гостуваат и не си одат додека не ја исчистат од ѓубре.

Сити му пукна петарда на Јуве, а Савињо испали проектил

По победите против Видад Казабланка и Ал Аин, Манчестер Сити го реши и Јувентус во 3. коло од Светското и тоа убедливо со 5:2. Стрелаа Доку, Калулу (автогол), Халанд, Фоден и Савињо, а за поразениот тим Копмајнерс и Влаховиќ. Бразилецот Савињо ја распали јако.

Емотивно збогување на Ти-Џеј Шортс со Париз

Македонскиот репрезентативец и официјално ги смени клупските бои. Потпиша две годишен договор со Панатинаикос, после две блескави сезони во Париз. Заминува со титула, прва за Париз во домашното првенство откако во финалната серија го совладаа Монако со 3:2. Шортс одигра фантастично и во Евролигата каде беше избран во идеалната петорка и ја заработи МВП наградата во плеј ин.

Соборен е најстариот рекорд во македонската атлетика од 57 години

Огнен Стефановски стана првиот македонски атлетичар кој прескокнал со стап 4 метри.

ФФМ реагирај, Македонец прави дар-мар во МЛС во САД

Горан Пандев неодамна во две интервјуа отворено зборуваше дека лично тој контактирал со млади талентирани деца со македонско потекло од дијаспората но дека наишол на негативни одговори на повикот да го облечат дресот на Македонија. Веруваме дека меѓу нив не е и Милан Илоски.

Како е претседателе Перез?

Колку треба да е мал светот, за да застанеш на семафори и до тебе да се најде Флорентино Перез. Иако зборуваше на телефон, го отвори прозорот и ги испоштува.

Халанд, не оди во длабокото, бранови има

Четворица фудбалери на Манчестер Сити се во вода, ама не е ова Дојран, океан е. Омар Мармуш му мафта и му вика да Халанд да дојде во поплитко.

Нејмар и кога брани, дрибла растура

Бразилецот пред пар дена потпиша нов договор со својот Сантос. Изјави дека таму во родниот и матичен клуб каде израснал и созреал, му е најубаво. Останува во Бразил. Таму се забавува и со младите фудбалери на маалски фудбал.

Ѓоковиќ и Сабаленка играа јака игра во кладба од 100 долари

Големите пријатели Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ја продолжуваат интензивната дружба во пресрет на Вимблдон. Сега играле една интересна игра, наместиле две шишиња пред секој од нив и играле тенис. Кој прв ќе погодел шише должен е 100 долари на ривалот.

Аргентинците не знаат да губат

Интер со 2:0 го совлада Ривер Плејт со головите на Бастони и младиот новајлија Еспозито и се пласираше во осминафинале. Играчите на аргентинскиот гигант не навикнати на вакви порази во финишот направија тепачка. Прв инцидентот го почнал Аргентинецот Акуња кој го удрил Дамфрис и го навредил па имало тегнење и во тунелот, во подтрибинскиот простор.