18-годишен Грк го даде најубавиот гол во Премиер лига

Брајтон губеше дома од Борнмут 0-1 но во судиското продолжение, во 90+1' минута од натпреварот нововлезениот Грк Харалампос Костулас кој на терен влезе во 77' минута, постигна страшно ефектен гол со ножички.

Костулас во јуни 2025-та дојде во Брајтон од Олимпијакос во договор вреден 35 милиони евра. Тој веќе има 2 гола на 12 натпревари а дебитантскиот гол му беше против Манчестер Јунајтед во октомври лани.

20 јануари 2026 - 10:34