Маурицио Сари е познат како страствен пушач кој долги години пуши цигари во подтрибинскиот простор или кај соблекувалните откако е забрането да се пушат цигари на клупата.
Тој неодамна изјави дека понекогаш палел и по 60 цигари на ден што ја запрепастило италијанската јавност.
Сари пред три недели имал мала операција на срцето а интервенцијата била рутинска, соопштија италијанските медиуми.
„Јас пушам по 60 цигари на ден што веројатно е премногу. Немам чувствувам голема потреба да запалам за време на натпреварите, но веднаш после нив имам голема потреба“, рекол тренерот кој со Челси освои Лига Европа а со Јувентус шампионска титула.
Интересно, фудбалскиот свет имаше разбирање за страста на Сари па така на пример на еден дуел од Лига Европа против РБ Лајпциг на гости за него Германците направиле посебна просторија во гостинската соблекувална за пушење.
Во Челси му беше најтешко затоа што во Англија владеат поригорозни закони против пушењето па тој не можел да пали ниту во подтрибинскиот простор ни пред ни после мечот. Челси наводно му ветил дека ќе му направи пушална на „Стемфорд Бриџ“ но на другите стадиони тој морал да се трпи.
Сега конечно се ослободил од лошата навика.
Лацио под водство на Маурицио Сари сезонава во Серија А има 7 победи, 7 нерешени и 7 порази со гол разлика 21-19.
Тренерот на Челси до 40 години работел во банка па напуштил за Серија Д