Едно од редовните прашања кои Маурицио Сари ги добиваше откако летово го презеде Челси, беше како планира да тера со пушењето во земја каде е забрането да се пуши на секој стадион.
Англиските медиуми му направија една математика која вели вака:
- Сари пуши 80 цигари на ден
- Околу 2.400 цигари месечно
- Околу 29.000 годишно
- Пали цигара на секои 12 минути
- До сега во животот за тутун потрошил околу 400.000 евра
Трошокот и не му е проблем бидејќи годишната плата во Челси му е 6,4 милиони евра, ама човеков со ова темпо на пушење ќе зариба во тоа гласот и ќе почне на играчите да им дава инструкции со пенкало.
Кога Лајпциг лани го пречека Наполи во Лига Европа, за Сари изгради посебна соблекувална за пушење која велат дека уште не може да ја изветреат.
59 годишниот стратег дефинитивно не е да го седнеш во скопска кафана на затворено.
Видеово е од ланска сезона пред Наполи - Јуве