Тренерот на Фенербахче направи тактика со шишиња, па дадоа гол
Фенербахче го прегрме тешкото гостување кај Аланијаспор и славеше 2-3 после пресврт. На тој натпревар младиот италијански тренер Доменико Тедеско на необичен начин му покажуваше тактички решенија на Марко Асенсио кој на времето играше за Реал Мадрид. И само една минута подоцна падна гол. Фенер чека титула во Турција цели 12 години а во моментов после 18 кола има 42 бода, само 1 помалку од првиот Галатасарај.