Offside

Леброн Џејмс (42) дебитираше за својот нов клуб Филаделфија Севентисиксерс со победа над шампионот Њујорк Никс 106:100. Ова беше почеток на 24-та сезона по ред во НБА за еден од најдобрите кошаркари во историјата. Фрлаше од прашакот за раце како што правеше изминативе неколку сезони, потоа постигна 14 поени со 8 скока и 7 асистенции за 34 минути на паркетот. Во еден момент влезе во расправија со навивачи на Њујорк Никс.

Пола Африка пати од кичма ради овој

Првиот лазеше како куче, вториот не се ни потруди да му ја земе, а третиот е на физикална терапија за цел р`бет. Африканецот Масибусане Ѕонго е неарен со дриблинзиве. Роналдињо виде ли тоа ова?

Најнормално видео од јужноафриканскиот фудбал

Прво што ќе помисли човек кога ќе го изгледа видеово е дека они си имаат некаков си Ол стар викенд за да забављаат малку народ. Ама не, ова е Multichoice Diski - називот на првенството во Јужна Африка, а тие што прават лудории се викаат Kaizer Chiefs познати по прекарот „Phefeni Glamour Boys“. Па така бе момци, еден е животот.

Алонсо му продаде на Ракитиќ, Јохан Кројф фора

Бекот на Шпанија нема ништо со холандскиот фудбал или пак со Барселона, туку напрoтив се калел во Реал. Ама ова е тој карактеристичен потег на холандската икона на фудбалот кој имаше страшни вештини. Нормално, само фаул е лекот.

Во првиот натпревар од пролетниот дел ЈСП поуспешни од Раде Кончар

Екипите на ЈСП, ВИП и Македонски Телеком со победи го отворија пролетниот дел од Бизнис лигата на Македонија.

Меси го разби малерот против Челси, Баерн го потопи Бешикташ

Фудбалерите на Барселона ќе патуваат со 1:1 на Камп Ноу во реваншот против Сините од Лондон кои имаа водство преу Вилијан. Бешикташ 75 минути играше со играч помалку поради црвениот картон на Домагој Вида и прими 5 парчиња.

Сите обиди за гол на Меси против Челси

Лондонскиот прволигаш е една од ретките екипи против која Меси играл, а не успеал да даде гол. Статистиката ви е веќе позната: 8 меча, 29 обиди, ниту еден погодок. Некој седнал и ги собрал сите шанси во едно видео.

Малерозниот турски навивач и неговите 126 несреќници

Ако вечерва случајно падне некој автогол во Лига на шампиони, да знаете дека не може да биде помалерозен од оној на еден навивач на Бешикташ. Човекот сакаше само да оди на стадион и да усреќи голем број на пријатели и колеги. Му преостанува да се смести на кауч.

Судија на сезоната во кошаркарска Италија

Серија Ц, трета италијанска лига, дуел меѓу Кастроно и Бофалора. Гледајте го судијата во горниот лев агол. Судијата.

Првата патика за тренинг која ни JOSH BRIDGES не може да ја оспори

Покрај Nike Romaleos (патика за кревање тегови), Nike Metcon се најиздржливи Nike патики за тренинг. Идеални се за вежбање кое вклучува кревање на тегови, функционални движења, кондициони тренинзи.

Миланистите од Македонија се вратија со победничко расположение од Разград

По долгото 20 часовно патешествие на ЛФМ во Букурешт, со тазе впечатоци од ЛЕ се јави и официјалниот фан клуб на Милан. Поубаво не можеше да си поминат. Победа од 3:0 против Лудогорец, сликање со играчите и дружење со миланистите од Софија.

Фоњини освои поен откако остана без рекет во раце

На еден од поинтересните дуели на турнирот во Рио де Жанеиро против домашниот играч Томаш Белучи, Италијанецот Фабио Фоњини освои неверојатен поен откако при сервис остана без рекетот.

Одлична најава за вечерашното дерби на Стемфорд Бриџ

На последните седум пресметки со англиски екипи во нокаут фаза, Барселона во шест наврати била подобра со исклучок на полуфиналето со Челси во 2011/2012. Сините од Лондон се најголемиот кошмар за Меси кој на 8 соочувања со нив има скор од 29 удари, 0 голови и еден промашен пенал.

Како во Германија протестираат против фудбал во понеделник

Без разлика кое место на табела е нивниот тим, навивачите во Германија се солидарни во борбата против понеделнички фудбал зошто го сметаат за несоодветен термин.

Ферги, па не ти е химната балада за додворување на шанк

Популарната американска пејачка, добитничка на Греми во минатото, Ферги ја испеа химната на САД пред почетокот на Мечот на сите ѕвезди во НБА. Коментарите за настапот уште не стивнуваат.

Душане, што стори Душане?

Не е ова време на Бекам па само од него да чекаме вакви голови од крајот на светот. Шведскиот второлигаш Гаис го има Душан Ѓуриќ кој го натера голманот да се забие во гол.

Што сè се случуваше во хаосот меѓу Виган и Сити

Највредниот фудбалски состав на светот кој по 27 кола има само еден пораз во Премиер лигата, беше шокиран од третолигаш во ценетиот ФА Куп. На дисциплинската комисија во федерацијата им се отвори многу работа.

Тимски гол на колото

Кога ликови како Нејмар се забораваат од солирање во обид да стигнат до што е можно повеќе голови, нека го ѕирнат видеово на Баер Леверкузен за да видат што е најважно во спортот со 11 учесници.

Македонските лацијали на гостување во Букурешт

Оваа сезона им е за раскажување. Може да се пофалат со две гостувања во Лига Европа, како и со пречек на легендата Роберто Манчини во Скопје. Резултатот не им потрефи, но се враќаат со убави спомени. Имаа средба со Симоне Инѕаги, човекот кој им донесе фудбал и резултати за уживање.

Јамајка остана без боб-санка за Олимпијада, но ги спасила пивара

На Зимските Олимписки Игри никогаш во историјата немало девојки од Јамајка и првото појавување на натпреварувачки од оваа земја на ЗОИ во Пјонгчанг е права сензација.

Кладилничарска понуда на годината

На пет минути пред истекот на старата а доаѓањето на новата година во една кладилница во Република Српска имало интересни понуди за обложување.

Хакан Шуќур - паднатиот турски херој кој никогаш не може да се врати дома

Стрелецот на најбрзиот гол во историјата на Светските првенства за гостин на свадба го имал турскиот претседател, а сега живее во присилено прогонство во САД и не смее да помисли да стапне во Турција.

Спикерот на Џенова грмеше за Пандев

Фудбалерите на Џенова се во серија од три победи по ред со кои се искачија на 12-та позиција на табелата. Две од тие средби ги реши нашиот најдобар фудбалер и тоа против неговите два поранешни клубови. Официјалниот спикер на домаќините го запали Луиџи Ферарис по голот на Пандев против Интер.

Андре Силва можеше да ја има асистенцијата на годината

Младиот напаѓач од Португалија се најде во една сосема неочекувана ситуација во шеснаесетник, но така добро се снајде и го проигра Чалханоглу, што ако голманот на Сампдорија не го одбранеше ова, Силва ќе добиеше честитки од цела Италија за асистенцијата која за жал сега му се брои само како додавање.