Манчестер Сити за кој пред шест дена излезе информација дека го има најскапиот тим во историјата на фудбалот во вредност од 878 милиони евра, останува без еден можен трофеј помалку.
Тоа задоволство им го скрати членот на Лига 1, Виган кој со голот на Вил Григ во 79-та минута ги исфрли Граѓаните од ФА Купот, најстарото и доста престижно фудбалско натпреварување.
Делф во финишот од првиот дел доби црвен картон.
По сензационалната елиминација на тимот кој скоро и да ја има заверено титулата во Премиер лига, навивачите влетаа на терен.
Но од мешаницата произлезе и инцидент меѓу Агуеро и навивач на домашниот тим по кој за напаѓачот на Сити веројатно ќе следува казна.
Од другиот агол се гледа дека Агуеро прв напаѓа
Went to the city match absolute disgrace behaviour from the fan on aguero @b1g5te yet all the tv are showing is aguero going for him. pic.twitter.com/9JclOUByKL
— Joanne Smith (@zabbajojo) February 19, 2018
Незадоволните гостински навивачи фрлаа со предмети накај полицијата
Man City fans throwing cardboard at the police lmao wouldn't be my clubs fans pic.twitter.com/sVrUg2kEzE
— ķrįstöph 🅥 (@Gomes_SZN) February 19, 2018
Дополнителни кошкања имаше и меѓу Гвардиола и тренерот на Виган
И покрај тоа што статистиката беше целосно во корист на премиерлигашот
Сепак победи Виган со кој Сити има лоша традиција во куповите.
Wigan have knocked Man City out the cup on 3 different occasions (2013,14 and 18) in 3 different stadiums whilst also playing in 3 different leagues at the time.
— Uber Chelsea FC 🏆 (@UberCheIseaFC) February 19, 2018