За Манчестер Сити нема граници или поточно тие ги поместуваат границите во фудбалот. Според најновото истражување на швајцарската опсерваторија CIES тие станаа најскапиот тим во историјата на фудбалот со вредност од 878 милиони евра.
Тоа се пари со кои Катарците го направиле актуелниот состав на Сити, а најблизу до нив се ПСЖ, нивните главни конкуренти во тоа лудо пазарење фудбалери. Нивниот состав изнесува 805 милиони евра.
На трета позиција следува Манчестер Јунајтед чиј актуелен состав тежи 747 милиони евра, а во топ 5 најскапи екипи влегуваат Барселона и Челси.
На листата на 10 најскапи актуелни состави доминираат Англичаните со 6 екипи. Нивните тимови во просек вредат по 291 милиони евра, шпанските 131, италијанските 124, германските 114 и француските 97 милиони евра.
Оваа финансиска моќ за сега му носи задоволувачки резултати на тимот на Гвардиола. Сити сезонава има 34 победи на сите натпреварувања, а лани во цела сезона имаше 33.
Во Премиер лига газат убедливо со 16 бодови предност зад Манчестер Јунајтед, а синоќа на првиот осминафинален меч од ЛШ го згазија Базел на гости со 0:4.
Манчестер сити – 878 милиони евра
ПСЖ – 805
Манчестер јунајтед – 747
Барселона – 725
Челзи – 592
Реал Мадрид – 497
Ливерпул – 461
Јувентус – 448
Арсенал – 403
Евертон – 365
За одбраната на Сити и Македонија клик тука.