Одбраната на Манчестер Сити е три пати поскапа од министерството за одбрана на Македонија

Гвардиола во една прилика изјави дека модерниот фудбал го правел тажен и дека се надева дека ќе го задржи методот на Барса цела кариера. Со парите кои ќе ги даде Сити за своите деветмина дефанзивци, може да се среди една мала држава.

Манчестер Сити летоска го купи бековите Бенџамин Менди од Монано за 52, Кајл Вокер од Тотенхем за 54 и Данило од Реал Мадрид за 27 милиони фунти.
 
Голманот Едерсон од Бенфика пристигна за 35 милиони фунти, а на крајот од овој зимски преоден рок на Атлетик Билбао му искешира 57 милиони фунти за централниот одбранбен играч Ајмерик Лапорта.
 
Само за овие петмина играчи кои треба да се грижат Сити да не прими гол, отидоа вкупно 225 милиони фунти. Тоа е сума кои многу земји не можат да си ја приуштат не за одбраната во еден тим или лига, туку за одбраната која треба да ја брани цела држава.
 
Меѓународниот институт за истражувањето на мирот од Стокхлом (SIPRI), кој ги истражува светските конфликтни можности за разоружување, објави податоци со трошоците на секоја земја за вооружување и воена заштита.
 
Тоа покажува дека Манчестер Сити за сезоната 2017/2018 потрошила за одбрана повеќе од годишниот буџет на 52 земји кој го имале за одбрана на својата држава во 2016-та година.
Гвардиола сезонава ја засили својата одбрана со петмина кои чинат 225 милиони, а Македонија се брани со 74,7 милиони фунти.

Само трансферот на Лапорта изнесува повеќе од парите кои 26 земји ги потрошиле во своите министерства за одбрана. Да се чуди човек.
„Некои клубови трошат 300-400 милиони фунти за двајца играчи, ние трошиме за шестмина. Минатото лето имавме проблеми со шестмина играчи на кои им истекуваше договорот. Ако сакате да се натпреварувате на високо ниво, треба да трошите. Можеби еден ден овој клуб ќе потроши 100 или 130 милиони фунти за еден играч, но одлучивме да не го правиме сега тоа. Ние ја разбираме инфлацијата на пазарот. Тоа е тоа. Прифаќаме критики, но она што е важно е дека нашите засилувања се одвиваат добро и се вклопуваат во овој клуб“, изјави Гвардиола во една од неговите последни прес конференции.
Да беа само 225 милиони. Гвардиола е само втора сезона тренер на Манчестер Сити, а целата одбрана која му ја обезбеди клубот изнесува неверојатни 1,2 милиони фунти. Тука не се вклучени само трансферите, туку платите на играчите, бонусите, процентот на нивните менаџери и сл.

Во Барселона на друг начин гледаше на овие работи.

1 февруари 2018 - 13:43