Offside

Деца, едно време и ние игравме на Светско, ама со бившата држава која имаше состав за респект, со кој едвај на пенали излезе на крај една Аргентина во четвртфинале. Марадона промаши. Во осминафинале ни се падна Шпанија. Ја реши Драган Стојковиќ Пикси со две мајстории и конечен резултат 2:1. Никогаш недораскажана сторија е Југославија.

Меси го разби малерот против Челси, Баерн го потопи Бешикташ

Фудбалерите на Барселона ќе патуваат со 1:1 на Камп Ноу во реваншот против Сините од Лондон кои имаа водство преу Вилијан. Бешикташ 75 минути играше со играч помалку поради црвениот картон на Домагој Вида и прими 5 парчиња.

Сите обиди за гол на Меси против Челси

Лондонскиот прволигаш е една од ретките екипи против која Меси играл, а не успеал да даде гол. Статистиката ви е веќе позната: 8 меча, 29 обиди, ниту еден погодок. Некој седнал и ги собрал сите шанси во едно видео.

Малерозниот турски навивач и неговите 126 несреќници

Ако вечерва случајно падне некој автогол во Лига на шампиони, да знаете дека не може да биде помалерозен од оној на еден навивач на Бешикташ. Човекот сакаше само да оди на стадион и да усреќи голем број на пријатели и колеги. Му преостанува да се смести на кауч.

Судија на сезоната во кошаркарска Италија

Серија Ц, трета италијанска лига, дуел меѓу Кастроно и Бофалора. Гледајте го судијата во горниот лев агол. Судијата.

Првата патика за тренинг која ни JOSH BRIDGES не може да ја оспори

Покрај Nike Romaleos (патика за кревање тегови), Nike Metcon се најиздржливи Nike патики за тренинг. Идеални се за вежбање кое вклучува кревање на тегови, функционални движења, кондициони тренинзи.

Миланистите од Македонија се вратија со победничко расположение од Разград

По долгото 20 часовно патешествие на ЛФМ во Букурешт, со тазе впечатоци од ЛЕ се јави и официјалниот фан клуб на Милан. Поубаво не можеше да си поминат. Победа од 3:0 против Лудогорец, сликање со играчите и дружење со миланистите од Софија.

Фоњини освои поен откако остана без рекет во раце

На еден од поинтересните дуели на турнирот во Рио де Жанеиро против домашниот играч Томаш Белучи, Италијанецот Фабио Фоњини освои неверојатен поен откако при сервис остана без рекетот.

Одлична најава за вечерашното дерби на Стемфорд Бриџ

На последните седум пресметки со англиски екипи во нокаут фаза, Барселона во шест наврати била подобра со исклучок на полуфиналето со Челси во 2011/2012. Сините од Лондон се најголемиот кошмар за Меси кој на 8 соочувања со нив има скор од 29 удари, 0 голови и еден промашен пенал.

Како во Германија протестираат против фудбал во понеделник

Без разлика кое место на табела е нивниот тим, навивачите во Германија се солидарни во борбата против понеделнички фудбал зошто го сметаат за несоодветен термин.

Ферги, па не ти е химната балада за додворување на шанк

Популарната американска пејачка, добитничка на Греми во минатото, Ферги ја испеа химната на САД пред почетокот на Мечот на сите ѕвезди во НБА. Коментарите за настапот уште не стивнуваат.

Душане, што стори Душане?

Не е ова време на Бекам па само од него да чекаме вакви голови од крајот на светот. Шведскиот второлигаш Гаис го има Душан Ѓуриќ кој го натера голманот да се забие во гол.

Што сè се случуваше во хаосот меѓу Виган и Сити

Највредниот фудбалски состав на светот кој по 27 кола има само еден пораз во Премиер лигата, беше шокиран од третолигаш во ценетиот ФА Куп. На дисциплинската комисија во федерацијата им се отвори многу работа.

Тимски гол на колото

Кога ликови како Нејмар се забораваат од солирање во обид да стигнат до што е можно повеќе голови, нека го ѕирнат видеово на Баер Леверкузен за да видат што е најважно во спортот со 11 учесници.

Македонските лацијали на гостување во Букурешт

Оваа сезона им е за раскажување. Може да се пофалат со две гостувања во Лига Европа, како и со пречек на легендата Роберто Манчини во Скопје. Резултатот не им потрефи, но се враќаат со убави спомени. Имаа средба со Симоне Инѕаги, човекот кој им донесе фудбал и резултати за уживање.

Јамајка остана без боб-санка за Олимпијада, но ги спасила пивара

На Зимските Олимписки Игри никогаш во историјата немало девојки од Јамајка и првото појавување на натпреварувачки од оваа земја на ЗОИ во Пјонгчанг е права сензација.

Кладилничарска понуда на годината

На пет минути пред истекот на старата а доаѓањето на новата година во една кладилница во Република Српска имало интересни понуди за обложување.

Хакан Шуќур - паднатиот турски херој кој никогаш не може да се врати дома

Стрелецот на најбрзиот гол во историјата на Светските првенства за гостин на свадба го имал турскиот претседател, а сега живее во присилено прогонство во САД и не смее да помисли да стапне во Турција.

Спикерот на Џенова грмеше за Пандев

Фудбалерите на Џенова се во серија од три победи по ред со кои се искачија на 12-та позиција на табелата. Две од тие средби ги реши нашиот најдобар фудбалер и тоа против неговите два поранешни клубови. Официјалниот спикер на домаќините го запали Луиџи Ферарис по голот на Пандев против Интер.

Андре Силва можеше да ја има асистенцијата на годината

Младиот напаѓач од Португалија се најде во една сосема неочекувана ситуација во шеснаесетник, но така добро се снајде и го проигра Чалханоглу, што ако голманот на Сампдорија не го одбранеше ова, Силва ќе добиеше честитки од цела Италија за асистенцијата која за жал сега му се брои само како додавање.

Бразилско дерби со хард кор финиш

Кога сте виделе последен пат судија да прекине натпревар поради недостиг на играчи на терен? Бразилските фудбалери кои се познати по лудото дриблање, овој пат покажаа други вештини, а тоа резултираше со 10 црвени и 8 жолти картони.

Тензијата меѓу навивачите на Торино и Јувентус

Ова градско дерби, симбол на монденскиот север на Италија е уникатно по многу нешта - како на пример тоа што Торино има поголем број поддржувачи во самиот град а Јувентус на ниво на цела држава. „Биковите“ немаат триумф над Јуве којзнае од кога, ама тоа не ги спречува да го полнат стадионот уште повеќе.

Што се случуваше на НБА Ол Старот

Во новиот формат на мечот на сите ѕвезди, тимот на Леброн го победи тимот на Стеф со 148:145 (31:42, 45:36, 33:34, 39:33). Статистиката во шутот за три поени зборува доволно за циркусот од кошарка синоќа: Team Stephen 17/65 Team Lebron 19/58.