Доминантната Барселона која во ова време на Меси и Иниеста освои 32 трофеи многу ретко губи натпревари со повеќе од 3 гола разлика и затоа на прсти се бројат нивните високи порази.
Замислете Леванте кој со хет-трикот на Боатенг и двата гола на Барди синоќа ја совлада Барса со 5:4 е првата екипа која во последните 15 години успеала да и збрца 5 комада на каталонската машинерија.
Претходно тоа успеала да им го направи Малага на 3 декември 2003-та година (5:1), но тогаш Барса беше во сосема поинаков состав и сè уште не беше почната нивната доминација со препознатливата тики - така игра.
На кормилото седеше Франк Рајкард, а меѓу првите 11 на мечот ги имаше голман: Валдес, одбрана: Коку, Алварез, Ван Бронкорст, среден ред: Гарсија, Мота, Чави, Габри, Кварезма, напад: Савиола и Клајверт. Од клупа влегоа Луис Енрике, Овермарс и Џерард Лопез.
Другите три најтешки порази меѓу петардите од Малага и Леванте им се само трите забележани порази од 4:0 од Хетафе во полуфиналето на Копа дел Реј (мај 2007), од Баерн Минхен во полуфиналето на ЛШ (април 2013) и од Атлетик Билбао во Супер Купот (август 2015).
Значи ќе остане забележано: Првата петарда во кариерата на Меси, Иниеста и компанија во дресот на Барса се случи на 13 мај 2018-та од Леванте. Двоен стрелец, македонскиот репрезентативец Енис Барди. Не звучи лошо нели?