Offside

Веројатно многу француски навивачи се израдуваа кога видоа против кого ќе играат во четвртфинале на Светско првенство 2026. Но дали се израдувала и полицијата?

Давид Луиз сам на себе си честиташе

По лудата голеата на Етихад, истиот резултатот од 4:3 го повторија и екипите на Челси и Славија Прага каде до 27-ма минута беше 4:1. Давид Луиз на крај си го најде братот близнак со кој заедно одат на стрижење, односно не одат.

Ајнтрахт Франкфурт ја исфрли Бенфика, Арсенал со еврогол го освои Сан Паоло

Фудбалерите на Ајнтрахт стигнаа до потребниот триумф од 2:0 и со вкупни 4:4 успеаа да се пласираат во полуфиналето од ЛЕ. Арсенал и Валенсија славеа и на реваншите, исто како и Челси кој приреди голеада со Славија Прага.

Излив на расизам од тифозите на Лацио

Пред дербито Милан - Лацио (1-0), стоперот на Римјаните, Ачерби изјавил како се подобар тим и доаѓаат во Милано по сигурна победа. На сето тоа, Бакајоко од Милан прво учтиво го разменил дресот со Ачерби пред крајот од мечот, а подоцна иронично го покажувал пред своите навивачи со соиграчот Франк Кеси.

Еуро Табак со тимска игра до победа над ЕВН

Екипите на Окта, Гранит и Еуро Табак славеа победи во третиот ден од 21. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Играта на Де Лихт против Јуве

Внимавајте ова, има само 19 години, а веќе трета сезона игра за првиот тим на Ајакс каде е од предшколска возраст. Згора на сè доверена му е и капитенската лента која никој друг не ја носел толку млад во нокаут фазата од ЛШ. Детево одигра перфектен меч против Јувентус на кој му даде и гол за елиминација.

Како функционира академијата на Ајакс - децата ги учат психологија и економија

Родителите плаќаат само 12 евра и тоа е ставка за осигурување. Сè друго е бесплатно. Децата во академијата одат во школо, тренираат неколку дена во неделата, играат натпревари и ја одржуваат традицијата на блискост со навивачите.

Четири тренери полуфиналисти – нула трофеи

Кој и да го освои сезонава трофејот во Лига на шампиони ќе бидат живи радости за тренерот, бидејќи никој од нив до сега не успеал во тоа, а најблиску бил Јирген Клоп. Последен пат се случило вакво нешто со Порто на Мурињо.

Мегаломанот Пеп vs скромниот Покетино

Марка веќе направи математика колку пари фукнал Гвардиола за засилувања откако ја напуштил Барселона. Со ова темпо уште летово може да стигне до милијарда евра, а нема стигнато до полуфинале во ЛШ, а не па да ја освои.

Како со еден потег да смириш тензија

Најдобро знае Бафетимби Гомис, некогашниот шпиц на Лион, Галатасарај, Свонси, Марсеј и Сент Етјен. Сега игра во Саудиска Арабија, за лидерот на табелата Ал Хилал. На 34 меча има 24 гола и 6 асистенции.

Најдраматичната 1 минута во Лига на шампиони сезонава

Ќе речеш што се 60 секунди, што може да биде за една минута, ништо. Ама она што се случи на Етихад синоќа беше прав пример како радоста и тагата може кратко да траат.

Финишот на Етихад со раштиман Титаник

Лигата на шампионите знае да извади натпревари кои ќе се зборуваат со години и ќе останат во историјата како неповторливи. Такво беше синоќешното лудило кое почна во првите 11, а заврши во последните 2 минути. Епски луѓе, епски четвртфинален меч, а уште не бевме свесни од Ајакс.

Расположението на навивачите на Сити во 100 секунди

Прво не им се веруваше дека Стерлинг ги носи во полуфинале со гол во 93-та, а потоа не им се веруваше дека голот е поништен и ништо од бизнисот. Да не си им во кожа.

Неприметниот јунак кој го спаси Тотенхем и кој трпеливо седи на клупа

Скоро и да нема не само фудбалер, туку играч во кој било колективен спорт кој спокојно и мирно седи на клупата за резерви. Единствен таков пример е Фернандо Љоренте, шпанскиот див кој без приговор чека шанса и се става во служба на генерал Почетино.

Кук ли е, рака ли е?

Ваква драма како англиското дерби ретко се гледа во Лига на шампиони. 7 гола, признат гол со ВАР за пласман во полуфинале и троа спорен, па поништен гол со ВАР за елиминација и тоа во 93-та минута. Гвардиола во живот не скокал волку од радост и тоа за џабе.

Па уште се отвори по десно бе, цар

Откако направија 20 бода разлика, фудбалерите ПСЖ ептен ја тераат лабаво со натпреварите во првенство. Загубија 5:1 од Лил, а синоќа 3:2 од Нант. Џиџи Буфон имаше извонредна Ноер антиципација, ама на кутриот тој изгледа му збогтиса на гол па сакаше десен бек да биде и за малку ќе примеше гол. Не е да му замери човек, од 1995-та брани.

Луда голеада, Тотенхем и Ливерпул во полуфинале!

Реваншот меѓу Манчестер Сити и Тотенхем донесе незапамтена драма. После 21 минута резултатот беше 3-2, а на крајот вкупно 7 гола и пласман на Хотспур во големото полуфинале. Ливерпул до врв ја наполни мрежата на Порто.

Респект за изјавите на Солскјер и Фергусон

Си отиде Чави пак се јаки. Си отиде Нејмар пак се јаки. Си отиде Иниеста пак се јаки. Колку е силна нивната доминација докажува тоа што му го направија не на последниот од Ла Лига, туку на клуб од рангот на Манчестер Јунајтед, за што и самите гости се свесни и признаваат.

Ајакс заработил 100 милиони евра од ЛШ - повеќе од клупскиот годишен буџет

Пласманот на Ајакс во полуфинале на Лига на шампиони е уникатен не само поради тоа што последен пат стигнаа до оваа рунда пред цели 22 години, туку и поради астрономската заработка.

Најдобрата насловна за Ајакс

Нема човек што сака фудбал, а да не е импресиониран и зачуден од ова што му го направи Ајакс прво на Реал, а потоа и на Јувентус во ЛШ. Цел домашен и странски печат ги полни насловните со овие златни деца, ама овие дефинитивно ја имаат смислено насловната број 1.

Валканиот Лео

Елиминацијата на Јувентус во четвртфиналето од ЛШ дефинитивно им ги помати сметките. Освен што не стигнаа до посакуваниот трофеј кој го бркаат 23 години, акциите на клубот паднаа 22,3%. Дури и голот на Роналдо за водство е спорен, бидејќи Бонучи на еден играч му влезе со бокс. Ова е одраз на немоќ и нервоза.

Пак овој не знае да прифати пораз

Кога победува се стега со тоа коцките, кога губи си оди и не ферма никого. Ниту им честита на победниците, ниту им застанува на новинарите во микс зона. Кристијано Роналдо е лузер кога ќе се соочи со ваков пораз и не се научи на некои манири и покрај нивото до кое стигна во кариерата.

Делириумот во Амстердам

Може само да претпоставиме колку пива се испиле, колку „труби“ свиреле и колку љубов во главниот град на Холандија предизвикал триумфот на Ајакс.

Стара класична школа што не испаѓа од мода

Симпатиите од цел свет во нокаут фазата од ЛШ дефинитивно одат кај Ајакс. Да ги елиминираш Реал Мадрид и Јувентус, па уште да ги газиш и да им играш свој фудбал на нивни терен треба стварно да си махер. Децава играат со акал и срце, а заслужуваат и финале.

Овие па Јунајтед топката не ја видоа вчера

Додека Ајакс го освојуваше просторот на Јувентус стадиум како никој сезонава, а потоа и резултатот, Барселона си поигруваше со англискиот гигант како со Леганес. Погледне го овој соло продор на Меси и играта еден на еден со Фил Џонс. Дечково не знае кај тера.