Го бараат Барселона, Арсенал и Јувентус, а он би да вози такси

Дани Алвеш има 36 години. На почетокот на летово му заврши договорот со ПСЖ, ама мајсторот на Копа Америка одигра како да има 19. Асистираше, дриблаше, шутираше и го избраа за најдобар играч на турнирот.

Бразилскиот бек самоиронично, се пошегува на своја сметка и на Инстаграм објави дека бара работа и праша каде да прати портфолио?

Но не остана само на тоа прашање, туку набрзо реши да се промовира себе во разни професии, во случај да не добие фудбалска понуда.

На својот Инстаграм профил стави неколку фото-монтажи од разни занимања:

Таксист

Чувар во музеј

Касиер

Земјоделец

Секако дека Бразилецот наскоро ќе биде промовиран во нов клуб или ќе се врати во некоја екипа каде веќе играше (Јувентус, Барселона).