Јирген Клинсман е олд скул германска фацка од 80-те и 90-те која денеска полни 55 години. Препознатлив e по долгата сина коса и оној трк со широко отворени раце кога ќе фати да се радува на гол.
Ги имаше многу во кариерата, преку 300, а татко му како да ги предвидел. Кога Клинсман ја почнал кариерата во младинскиот тим на Геислингер, тој му подарил тефтер.
„Знам дека сакаш да постигнуваш голови, па можеби е добро да ги запишуваш“, му рекол татко му.
Младиот Јирген многу го ценел тој подарок особено кога ја видел посветата на татко му, по професија фурнаџија, ама голем љубител на спортот.
„Да се биде спортист на олимписко ниво значи да се биде искрен во предизвикот, смирен во победата, јасен во убедувањата и незавидлив во поразот“.
Едноставни зборови на Јирген, но ретки во денешницата.
Клинсман е шпиц од едно време не само на тетратки и тефтери, туку од време кога фудбалот се играше со поголема страст, а за многу помалку пари од сега.
Најмногу голови постигна за Штутгарт, а во кариерата играше и за Интер, Монако, Тотенхем, Баерн и Сампдорија.
Клинсман е светски првак од 1990 кога на Олимпико во Рим падна Аргентина со 1:0 со голот на Андреас Бреме од пенал и тоа против Аргентина на Марадона. Препознатливи ликови од тоа време се Руди Фелер, Лотар Матеус, Јирген Колер, Бодо Илгнер, Клаус Аугенталер.
По шест години стана и европски со Андреас Кепке, Матијас Замер, Мехмет Шол, Маркус Бабел, Оливер Кан, Оливер Бироф...
Внимавајте на оваа шах мат комбинација на мечот Штутгарт – Баерн од 1987-ма. Сосема разбирливо беше прогласен за гол на годината во Германија.
Што смеење има по нетов