Еден куп кандидати се пријавија да ја удрат топката со глава која е наместена на висината која може да ја достигне Кристијано Роналдо, за што следува и парична награда.
На толку многу луѓе успеа само еден кој го извади висината. Беше дојде со чевли и успеа само да ја цивне топката, но потоа му дадоа шанса и со патики за нели да може повеќе да се одрази.
Победникот е на 3:25
Инаку нешто околу скокот на Роналдо.
Оваа негова вештина е измерена на биомеханички тестови на Универзитет во Чичестер и тоа уште пред 8 години. Според тие податоци, измерено е дека може да се одрази 44 см, а со помош на залет 78 см. Височини за кои може да му подзавидат многу кошаркари од НБА лигата.
Силата во неговите бутови и мускулите во горниот дел од телото се од суштинско значење за овој вид на скок, а Роналдо има поминувано многу часови по фитнес сали за да ја одржи својата моќ. Другиот важен факт за неговата сила во скоковите, но и во брзината е тоа што има помалку телесни масти од еден супермодел.