На тенискиот турнир во германскиот град Хамбург кој заврши во неделата и кој имаше награден фонд од 1 милион и 855.000 евра, организаторот доделува невообичаен пехар.
Во финалето Грузиецот Никола Басилашвили го совлада Андреј Рубљев од Русија со 7:5, 4:6, 6:3 и го освои турнирот од серијата 500.
Признанието за победникот е многу интересна новост во процесот на обновување на турнирот, кој во 2008 година го изгуби статусот Мастерс а со тоа и доброто место во календарот, па со сите сили се трудат да го задржат ова ниво сега.
Новиот трофеј го има логото на турнирот а жолтите линии не се само некои шкртаници, туку пазете, траекторија по која летало топчето во последниот победнички поен на турнирот во финалето лани:
Тешко е да се предвиди колку новата идеја со пехарот ќе привлече играчи и навивачи, но во пристанишен Хамбург и претходно имале концептуални трофеи. Годинава морската трема не ја снема па Андреј Рубљев кој изгуби во финалето, добиброд во шишенце. Симпатично.
А нас нè мачи едно прашање: што ако победникот го добие мечот со ас удар?