Според старите правила после изведување од полето на голманот, никој не смееше да игра со топката сè додека таа не дојде до самата линија за 16 метри. Ако играч ја примеше внатре, судијата имаше право и должност да досуди индиректен удар.
Новото воведено правило го видовме на дело на пријателската меѓу Милан и Бенфика, кога стопер на португалскиот тим и голманот Одисеас Влаходимос ја изведоа топката. Голманот само му ја поткрена топката на бекот, овој му ја врати со глава и Влаходимос го разби пресингот со фрлање топка со рака преку 30 метри.
Ова ќе им оди во прилог на екипите кои сакаат брзо да се ослободат од пресинг.
Но има разни толкувања на ова ново воведено правило. Сè уште не е јасно дали играчот треба на голманот да му ја врати со глава, со гради или со колено, а не директно со нога како досега зошто голманот не би можел да ја фати со рака ако му ја врати така.
Еве како е регулирано од англиската фудбалска асоцијација:
Веднаш после мечот се огласи на Твитер и еден познат судија, Шпанецот Едуардо Итуралде:
„За да ви одговарам, ќе ви наведам друг пример. Ако бекот изведе аут кон голманот, овој не смее да ја фати со раце топката. Но ако после аутот играч со глава му додаде на голманот, тој смее да ја фати со раце. Тоа е правилно изведување“.
Te voy a contestar poniéndote otro ejemplo.
— Eduardo Iturralde (@itu_edu) July 29, 2019
Un saque de banda el defensor si la cede a su portero no la puede coger con las manos.
Pues lo mismo pero sacas de banda al central y este se la cede al portero con la cabeza sería legal y es una jugada muy similar.
Најдобриот англиски судија Марк Клатенбург за оваа ситуација на мечот Милан - Бенфика, рекол дека не смееле според правилата да одиграат така. „Они сега одиграа внатре во шеснаесетникот, но не смееме да дозволиме така да се изведува топката зошто сите ќе изведуваат на тој начин и ќе се загуби смислата на правилото“.
Очигледно дека Клатенбург е во право зошто ако најчесто американските судии не ги толкуваат правилно и не ги знаат - тоа не е проблем на фудбалските правила туку проблем на тие судии.
Слична ситуација имаше на 26 февруари 2017 година на големото дерби Интер - Рома во Серија А, кога во 6’ минута од мечот Иван Перишиќ во шеснаесетникот му ја врати со глава на својот голман Хандановиќ среде игра, но доби жолт картон и индиректен удар за противникот. Според правилникот ова е неспортско однесување:
Исто му се случи и на Марко Верати во француската Лига 1 со ПСЖ кога му ја враќаше на голманот:
Вака или така, Бенфика на крај го победи Милан со 1-0 со гол на заборавениот Адел Тарабт во второто полувреме.