Offside

Златко Далиќ повеќе не е селектор на хрватската фудбалска репрезентација. По елиминацијата од Португалија во 16 финале, тој одлучи да се повлече од функцијата, која ја презеде во октомври 2017 година и ја доведе својата земја до најголемиот успех во историјата. 

Кога ќе кажете ова го има само на Балкан, размислете два пати

Грасхоперс e најтрофејниот фудбалски клуб во Швајцарија. Минатиот викенд испадна од лига првпат после цели 68 години, а навивачите насилно го прекинаа мечот и имаа барање до играчите.

Да видиш судијата Мајк Дин како го бодри Транмере

Англиските медиуми конечно дознаа за кого навива најпознатиот фудбалски судија Мајк Дин. Камерите го уловија Дин како еуфорично го слави триумфот на Транмере Роверс против Форест Грин со што влегле во баражот на Лига 2.

Мурињо раскажа кога се криел во корпата за алишта зошто бил суспендиран

Челси против Баерн Минхен во Лига на шампиони. Мурињо суспендиран и нема како да влезе до соблекувална кај играчите пред важниот натпревар. Кабинерот го става во метална корпа за алишта.

Тежок удар за клубот на Несторовски и Трајковски, Палермо исфрлен во Серија Ц

Поради катастрофално водење на клубот од управата, целиот макотрпен труд на македонските репрезентативци паѓа во вода. Палермо сонуваше враќање во Серија А со Нестогол и Алекс, а денес стигна гром од ведро небо.

За да му удоволи на американскиот пазар, Јуве ги тргна 116 години старите штрафти

Официјалната домашна варијанта на дрес на Јувентус за новата сезона 2019/2020 ја претставија овој месец, но на интернет се зборува за неа уште од минатата есен. Навивачите поделени.

Најјаката прослава на пласман во Лига на шампиони од Лил

Фудбалерите на Лил многу поемотивно го прославија пласманот во Лигата на шампионите, отколку Пари Сен Жермен титулата во францускиот фудбал. Браво момци, заслуживте елитен фудбал следната сезона.

Глупан на сезоната

А голманот совладан, веќе се помири дека примил гол и се спреми да вика по одбраната.

Барди со гол му донесе нова сезона на Леванте во Примера

Македонскиот репрезентативец Енис Барди синоќа го постигна третиот сезонски погодок за Леванте (12-ти откако е во Шпанија) и дефинитивно му обезбеди опстанок на својот клуб.

Кралот што се фрли на целта за прв да ја заврши трката

Сезоната во лесна атлетика стартуваше, а речиси никој не го забележи отсуството на легендарниот Усеин Болт. „Највиновен“ за тоа е Американецот Инфинит Такер кој на крајов од мај ќе наполни 20 години.

Најважните факти од Премиер лигата сезонава

Готово е. Англиското првенство заврши на неверојатен начин, со борба за титулата до последно коло. Ја освои бранителот на трофејот Сити чијшто тренер стана еден од тројцата кои го направиле овој подвиг.

Срамота на Роналдо, го исмеваше Флоренци поради малиот раст

Во напнатиот и тензичен меч меѓу Рома и Јувентус (2:0), најголемиот конфилкт го имаа Алесандро Флоренци, капитенот на Рома и Кристијано Роналдо кој направи многу нечовечки потег.

Кавај Ленард како современ Џордан - победа во плејоф со звук на сирена

Кошаркарите на Торонто ќе играат во финалето на Истокот од НБА, откако синоќа ја совладаа Филаделфија ’76 со кош на Кавај Ленард во последната секунда со звук на сирената - потег каков што немало во историјата на Game7 од плејофот.

На комшијата да му цркне кравата

Откако Ливерпул во последното коло остана без титулата во Премиер лига, која што ја зема Манчестер Сити со убедлив триумф на гости кај Брајтон (1-4), навивачите на Евертон, градскиот ривал на „црвените“ потсетија каде Ливерпул ги изгубил последните бодови во Премиер лига кои го чинеле титула.

Му падна мобилниот на сред борба, па го дисквалификуваа

За време на една џудо борба на Гренд слемот во Баку (Азербејџан), од кимоното на Португалецот Анри Егутидзе испадна мобилен телефон на душекот, па судијата пресуди хансоку маки (технички пораз).

Рома го има Тоти, Бразил Пеле, Наполи Марадона а Киево Пелисие

Еден од највозрасните активни фудбалери во Европа, 40-годишниот напаѓач на Киево, Серџо Пелисие објави дека по крајот на сезоната завршува со фудбалската кариера.

Нереален потег на Нејмар, противникот по цигарчиња

ПСЖ вечерва гостуваше кај Анжер и славеше со 1-2. Нејмар освен што даде еден гол, направи и неколку потези на теренот што долго ќе се верглаат по хајлајтс видеа.

И Гоче стрелаше во Италија

Кусо време откако Несторовски и Трајковски погодија за Палермо во период од 100 секунди, гол во Италија даде и Горан Пандев кој за жал не влијаеше на гостувањето во Бергамо. Аталанта ja победи Џенова 2:1 и уште повеќе се доближи до ЛШ, а капитенот на Македонија само го ублажи поразот на крај.

Растур систем на Нестор и Алекс за 2 минути

За Илија Несторовски и Александар Трајковски нема време за чекање и кога ќе им тргне растураат во напад. Палермо води 2:0 против Читадела со нивните два гола во 21-ва и 23-та минута. На вториот Нестогол му асистира на својот сонародник.

Клоп: Добро што доручкуваат овие што ставиле финале во Баку?

Ден откако стана јасно дека сите четири екипи во финалињата на ЛШ и ЛЕ се англиски, навивачите од оваа земја почнаа да кројат планови како до Мадрид и Баку. Првите отишле оган со цените за смештај, а вториве се џенем.

Махериште на колото во ЛШ за 52.650 евра

Македонец од Австрија ни праќа ваков тикет: Ливерпул – Барселона точен резултат 4:0 и Ајакс – Тотенхем кец у два. Влог 10 евра – добивка 17.550 евра со тоа што три пати го уплатил тикетот. Океј?

Жено, извини ама парите овојпат јас ќе ги трошам

На 1 јуни во Мадрид ќе се игра големото финале на Лига на шампиони меѓу Тотенхем и Ливерпул. Еден навивач на тимот од Лондон, после мечот со Ајакс даде фантастично искрена изјава и ние го поддржуваме во целост.

Не ти проаѓа тоа во денешно време

Знаеме ние примери од мак фудбалот каде навивачи го гаѓаат судијата со столче и тоа во прва лига. Ама тоа е кај нас пред некои 15-20 години, а ова е меч под капа на ригорозната УЕФА во 2019-та година кога имаа чудесии од технологија кои можат густината на шлаемот да ти ја анализираат.

Никогаш не било така - сите четири финалисти од иста земја

Синоќа Арсенал ја згроми Валенсија со 2-4 во Шпанија и со вкупен резултат 7:3 се пласираше во големото финале каде ќе игра против Челси кој на пенали го победи Ајнтрахт Франкфурт после 2:2 по двата меча.