Голман на Монтреал му одбрани два пенали на ист играч
Во дуел меѓу Монтреал Импакт и Ванкувер, во американската МЛС лига, домашниот голман Еван Буш му стана права ноќна мора на гостинскиот шпиц Јорди Рејна откако му одбрани два пенали во рок од неколку минути. А гостите притоа водеа 0-1, а по два неискористени пенали, на крај изгубија 2-1.