Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Трамп: Имаме лек кој дига од мртви

Човекот толку често го шокира светот што и една ваква негова изјава помина речиси незабележано. „Земавме луѓе што се мртви“, кажа Трамп на рутинска прес конференција. „Имавме еден човек кому му беа направени сите последни обреди, отиден, децата плачеа и сето тоа... и почнавме да му даваме од лекот. Му стана подобро. Ова функционира!“. Како тоа мислите не е можно да го кажал тоа?

Една слика, илјада тони бомби

Пеколот во Газа веројатно е најголемиот злостор кое човештвото го видело (или се правело дека не го гледа) после Втората светска војна. Она што на почетокот се чiнеше како разбирлива реакција на Израел по упадот на Хамасс на седми октомври 2023 година, постепено се претвори во невиден и систематски масакр и намерно претворање на Појасот во простор во кој нема да може да се живее. 

Иднината на „Безбеден град“

Некогаш Америка и Јапонија ни покажуваа како ќе изгледа технолошката иднина, во последно време тоа сè почесто го прави Кина. Во неколку градови, освен камери, имаат инсталирано и дронови кои автономно патролираат, пријавуваат гужви и удеси, регистрираат прекршоци и пишуваат казни. Во следен чекор има и да ги вооружат и да нè пукаат по улици. Сè ќе имаме, само Џон Конор ќе го немаме.

Честитка со продолжено дејство

Керолајн Левит лани на свои 27 години стана најмладиот прес секретар во историјата на Белата куќа. Неодамна, на први мај, вторпат се породи и доби ќерка. Пораки стигнувале од разни страни, една од нив многу неочкувана. Од Иран, преку нивната амбасада во Ерменија. Ѝ честитаа за бебето но и ја потсетија на нешто морничаво на што треба да помисли кога ќе ја бакнува малата Вивијана.

Ќе го отворале теснецот (кој и онака беше отворен)

Целите на криминалната агресија врз Иран никогаш не беа јасни но сега стануваат гротескни. Трамп се закануваше дека ќе ја збрише цела цивилизација, Биби го убеди дека режимот ќе падне само ако го убијат ајатолахот, ќе ги уништуваа нуклеарните капацитети (за кои лани викаа дека ги уништиле), ќе го земале збогатениот ураниум... По најново, главна цел на војната е да се врати состојбата која постоеше пред да тргнат во војна. Јако. 

Нора Џонс и Хери Мек? О, да!

Ги сакаме и двајцата. Ќерката на Рави Шанкар ја имаме објавувано во неколку наврати (види овде) а на мозокот на фристајл раперот кој важи за Моцарт на импровизациите уште не можеме да се изначудиме (види: Како работи тој мозок, побогу?). Иако се бават со навидум неспоиви жанрови музика, заедно си одговараат како патлиџан и босилек.

Во маркетингот е вистината

Го одбрале најевтиното вино кое можеле да го најдат во супермаркет. Некој шкарт од три евра. Го ребрендирале давајќи му звучно име „La Chateau Colombier“, смислиле приказна околу него, му направиле фенси етикета, нашле сомелиер кој напишал рецензија. И потоа го пратиле маскираниот шкарт на натпревар. Виното се вратило со 88 бодови и златен медал.

Филмски финеси за актери

Бидејќи малку снимаат филмови, македонски актери, форматирани на театарска глума, често имаат проблем да се „стишаат“ пред камера и се научени да играат на најјако (за оние од задните редови во театарот). Има и исклучоци (Владо Јовановски, на пример) но многупати таа театарска глума пред камера изгледа како преглумување, без финесите и нијансите кои се сосема доволни за камерата. Мајкл Кејн е тука да објасни некои работи.    

Кавијарот од главата мириса

Кавијарот е глобален луксузен деликатес со преку 2.000 годишна историја и потекло од Персија кој во Европа станува шема во 190от век. На пазарите знае да вреди и по неколку илјади евра, но кај што е скапо, има и фејкови. За лажен кавијар ви треба бујон од глава од риба (плус копар, бибер, ловор), изладен зејтин, боја, агенс за згуснување и - капалка. 

Фудбалско- филмска носталгија

Вонсериски добар Ви трејлер за фиктивниот филм "Italia '90 The Movie" со премиум холивудски кастинг: Том Круз како Гари Линекер, Дензел Вашингтон како Руд Гулит, Ник Нолти како Валдерама, Денис Квејд како Лотар Матеус... сето тоа во ретро атмосфера од 90-тите години.  Освен Дени де Вито, сè друго е пиц-пец.

Сите жени на претседателот

Уште на првиот атентат на Трамп (кога го цивнаа во уво) се разви дебата за ефикасноста на женскиот дел од обезбедувањето на претседателот бидејќи реагираа збунето и никако. Ама затоа на последниот атентат (во хотелот, кога не го ни цивнаа), овие врвни специјалки имаа шанса да  демонстрираат што значи мускулна меморија од сите оние јаки тренинзи и обуки.   

Кога би се однесувале како во кола

Познати ви се сите оние непријатни автомобилски ситуации кога некој ви се лепи од позади, кога нагазува свирка зашто се запалило зелено на семафор, кога друга кола ќе ве пресече или нема да ви дозволи да се вклучите во лента. Реакциите на таквите ситуации ни се чинат оправдани и органски, но како би изгледале истите тие реакции кога не сме во кола? 

Фер ли е, нефер ли е?

Без да влегуваме во лизгавиот терен на дебатата за тоа што е уметност а што само вештина, сакаме да ви покажеме две работи: како црта и што од тоа излегува кај прочуениот Пабло Пикасо и како слика и што од тоа излегува кај еден сенегалски дечко со име Боубоу Нианг.

Како Бенкси успеа да стави статуа среде Лондон?

„Ова го има правено екипа која би можела да постави сцена за концерт на Металика за 24 часа“, велат познавачи за тимот на легендарно мистериозниот уметник кои успеаја под закрила на ноќта да постават статуа (со ефектно изведена порака дека знамињата можат да заслепат лидер) среде еден од најобезбедуваните делови на Лондон. Иако немаат дадено дозвола, советот на Вестминистер порача дека зазегаа немаат намера да ја тргнат статуата.  

Такер Карлсон растура

Такер Карлсон беше рекордер по гледаност и додека беше во Фокс Њуз, но, допрва ги урива рекордите, како што луѓето сè повеќе им вртат грб на меинстрим медиумите и се вртат кон гласови кои им се чинат независни и објективни. Особено откако Трамп ја вовлече Америка во војна во Иран против која Карлсон е толку против што и јавно се извини што едно време го поддржуваше Трамп. 

Немало и ќе нема како Трамп

Има 43 години, се вика Џафред Ајзекман. Замислете да сте милијардер, претприемач и пилот со преку 7.000 часови, вклучувајќи и летање со воени авиони, за подоцна да станете еден од првите комерцијални астронаути кои вршат приватна отворена „spacewalk“ во орбита за конечно, еден ден да станете и прв човек на НАСА. И како таков, да доживеете оној маалски силеџија од Белата куќа пред сите да ве понижува какви уши имате.

Ок сме, нема да заврши добро

И луѓе кои професионално ја покриваат војната во Иран признаваат дека не би можеле поефикасно да ја опишат од комичарот Џими Кар. Две поенти: ако се прашувате како да се врати состојбата како порано, прашајте се дали може да направите риба од рибја чорба. Второ, војната во Иран му покажа на светот дека ако не сакаш да те нападнат поголемите, мора да имаш нуклеарно оружје.  

Калории и пари

Многу сликовито и ефикасно споредување на тоа како изгледаат 4.000 калории. Од едната страна полна маса со секакви (здрави) јадења, на другата половина само една тегла. Добро, глупи ли се луѓето? Не, само што немаат сите луѓе пари да ги купат оние работи од полната страна на масата.   

Ждерење од информативната шведска маса

Некогаш, вестите беа настан. Денес, вестите се состојба на свест. Како фрижидер што зуи во позадина. На почетокот не го забележуваш, а потоа те излудува. Вестите немаат време да станат искуство, да се смират, да се преведат во мисла а потоа во став. Така е создаден модерниот  информиран труп. Ги знае сите наслови, но не разбира ниту една приказна. Информиран е уште од првата реченица. Нема трпение да продолжи, бидејќи веќе знае сè.

Приказната за WinRAR и пробниот период кој никогаш не истече

Евгениј Рошал е руски програмер роден во 1972 година, познат по создавањето на форматот RAR во 1993 и WinRAR во 1995. Неговото дело стана легендарно поради „trial“ периодот од 40 дена кој никогаш не истече за милиони корисници. Тоа е приказна за генијалност, доверба и дека не секогаш работите најдобро одат со сила.

Кралот и кловнот

Посетата на британскиот монарх на САД предивикува голем интерес, и поради историските врски меѓу некогашната и сегашната империја и поради безбедносните стравувања пошто малку- малку, се пука во близина на Трамп. Издвојуваме два момента, еден добар и еден лош, при што за второво оставаме отворен простор бидејќи Трамп има уште време да направи некоја поголема глупост. 

Кратка историја на СССР

Штом Ленин почина, се покажа дека вториот човек во партијата, другарот Троцки, е предавник. Камењев, Зиновјев, Бухарин и Сталин го соборија Троцки и го избркаа од СССР. Но, неколку години подоцна, се покажа дека Камењев, Зиновјев и Бухарин се исто така непријатели и саботери. Храбриот другар Генрих Јагода ги стрелаше. Малку подоцна, Јагода, како непријателски агент, беше застрелан од Јежов.

А ќе кажеш, просто ко клетка

Во 1974 година е напишана една книга во која се вели дека клетката е посложена од телото и посложена од планетата Земја. Тоа може да звучи како празна поетична белешка сè додека не ја видите оваа 3Д реконструкција на човечка (еукариотска) клетка - еден фасцинантен клеточен пејзаж кој не може да не ве натера да помислите кој/што стои зад сево ова.

Најскапото во менито не е наменето да се продаде

Најскапиот елемент во едно ресторанско мени не е изложен на видно место за да го купите. Тој има за задача да направи вториот најскап производ да ви изгледа разумно. Ова не е трик кој ако пројде- пројде, тоа е механизам потврден од науката за тоа како да се измами вашиот мозок и донесувањето одлука. Научен принцип стар 44 години кој ден-денес е главен принцип при правењето ценовници.