Има 43 години, се вика Џафред Ајзекман. Замислете да сте милијардер, претприемач и пилот со преку 7.000 часови, вклучувајќи и летање со воени авиони, за подоцна да станете еден од првите комерцијални астронаути кои вршат приватна отворена „spacewalk“ во орбита за конечно, еден ден да станете и прв човек на НАСА. И како таков, да доживеете оној маалски силеџија од Белата куќа пред сите да ве понижува какви уши имате.