Ќе го отворале теснецот (кој и онака беше отворен)

Целите на криминалната агресија врз Иран никогаш не беа јасни но сега стануваат гротескни. Трамп се закануваше дека ќе ја збрише цела цивилизација, Биби го убеди дека режимот ќе падне само ако го убијат ајатолахот, ќе ги уништуваа нуклеарните капацитети (за кои лани викаа дека ги уништиле), ќе го земале збогатениот ураниум... По најново, главна цел на војната е да се врати состојбата која постоеше пред да тргнат во војна. Јако. 

Накратко: САД ќе ја блокираат блокадата на Иран за да го одблокира теснецот кој не беше блокиран пред Нетанјаху да го убеди Трамп дека мора да нападнат. 

1. Иран не го контролираше Ормускиот теснец, сега го контролира.
2. Иранската нафта беше под санкции, сега не е.
3. Иран НЕ правеше нуклеарна бомба, сега ќе прави.
4. Американските бази во Заливот беа стратешки капитал, сега се стратешки ризик.
5. Инфлацијата паѓаше, сега инфлацијата расте.

Сето тоа Трамп и неговите го викаат победа.

 

12 мај 2026 - 14:19