Off Topic

А потоа дојде Израел

Во местото Тајбе во јужен Либан, живот имало и пред 9.000 години. За тоа сведочат бројните драгоцени наоѓалишта во неговата околина кои датираат од неолитскиот период. Луѓето во Тајбе главно се занимаваат со земјоделство и одгледуваат маслинки, гројзе и портокали. А потоа дојде Израел.  

Алис Купер е идиот

Ова го тврди Борислав Јанковиќ Боро кој ја видел својата куќа на оглас за изнајмување, огласена од некој со АВАТАР на Алис Купер. Па му го нашол меилот на Алис Купер и го прашал кој му дал право да ја нуди неговата куќа. Во огласот стои и дека изнајмувањето на куќата дава шанса да се мине една година без контакт со цивилизацијата. А Боро има ви-фи.  

Радуј се Јапонијо, дур не ви дошле нашиве

На улиците на јапонскиот град Кумамото, десетици канцелариски службеници учествуваа во трка со канцелариски столчиња. Победникот бил награден (искилавен) со вреќа ориз од 90 кила. Треба да им пратиме претставници на македонската бирократија, доколку домаќините од братска Јапонија најдат начин нашиве после трката да ги одлепат од столчето.    

Китка- Матка

Марко Рубио, државен секретар на САД: „Замислете еден Иран кој наместо да го троши своето богатство, милијарди долари, на оружје и поддршка на терористи, тоа го насочеше да му помогне на својот народ. Ќе беше тоа многу поинаква земја.“ Два дена подоцна, неговиот шеф, Доналд Трамп: „Не можеме да ја плаќаме здравствената заштита, војни имаме...“ 

Солзите на инжинерот кому му го срушија мостот

Трамп беше многу горд што го срушиле мостот кај Караџ. Тоа го правеа и кога ја нападнаа Југославија. Овој беше недоправен, уште непуштен во употреба а ќе беше најголемиот мост на Блискиот Исток, долг преку километар, висок 132 метра. Солзите на градителот сами по себе се разбирливи. На Иранците им порача: „Господ ако ме поживее, повторно ќе го изградам и ви ветувам дека ќе поминувате по него.“  

Проблемите доаѓаат со брзина на точак

Знаете ли дека глобалните прекуокеански ланци за снабдување со нафта се движат со брзина на велосипед? Тоа е брзината на оние огромни танкери што лазат преку океаните. Тоа е и причината што ситуацијата уште изгледа доста нормално иако Ормускиот теснец одамна е затворен. Големите нафтени полжави излезени пред затворањето уште не се стигнати до своите дестинации. Кога таа нафта ќе се потроши, е, тогаш ќе ја сфатиме белјата.

Борис ни Џонсон & Џонсон не го пере

Иако од неколку страни e потврдено и документирано дека Киев и Москва имале во рака употреблив нацрт договор за примирје на преговорите во Истанбул (ќе се спасеа десетици и стотици илјади животи на двете страни досега), ама дека Борис Џонсон ургентно дошол во Киев и ги натерал да не потпишуваат примирје, Џонсон реши да се јави после интервјуто на Путин и да каже дека тоа било лага. За среќа, уште има живи сведоци. 

Ви има ова логика?

1 посто од популацијата го контролира светот. 4 проценти од популацијата се нивни марионети. 90% од популацијата се заспани зомбија а 5% се обидуваат да ги разбудат зомбијата. Што се случува? Оние еден посто прават сè за оние 4 посто да ги спречат оние 5 посто да ги разбудат оние 90 посто. Хмм...

Што ќе ни е Такер кога го имаме CNN?

Егото на корпоративните западни медиуми доживеа мал инфаркт кога се разбра дека интервју со Путин обезбедил медиумскиот ренегат, Такер Карлсон. Не можат да мрчат пошто самите признаваат дека и тие барале интервју ама ете, „нам не ни дава, нему му дава.“ На пример, CNN. E, тие прават интервјуа, вилица да ти падне!

Денес е денот

Се чувствувате заглавени во еден од оние безбројни глупи денови во кои не гледате никаква радост или смисла на вашето постоење на оваа планета? Седите дома или на работа, безвезно скролате или вртите канали или мислите да пишете ливче за кладилница, ама сето тоа нема никаков вкус? Дозволете ѝ на оваа девојка да ве понесе фаст форвард, за да сфатите каков луксуз имате баш денеска. 

Шпанската полиција им го блокираше патот на шпанските земјоделци на трактори

Да повториме, полициската мерка за спречување на земјоделските протести во Шпанија беше со автомобили да се блокираат патиштата по кои земјоделците возат со трактори. Па после ќе им вадат вицови, па ќе им вадат.

Трактат за лажните победници

Попрво би се шетал со пластична кеса во која има 5.000 долари отколку со празна торба од Луи Витон вредна 5.000 долари. Така само ќе личи дека сте победиле, ама не сте победиле. Победил Луи Витон. Интересно е како богатите остануваат богати преправајќи се дека се сиромашни, а сиромашните остануваат сиромашни, преправајќи се дека се богати. Финансиска неписменост.  

Луи СиКеј во одбрана на својата нормалност

- Уау, мастурбирањето тебе навистина ти е битно? -го прашува девојката. - Да, тоа ме одржува нормален, одговара Луи. Чесен граѓанин сум, добар татко, плаќам данок, рециклирам и мастурбирам. И горд сум на тоа и Господ е раат. И подоцна кога ќе мастурбирам ќе мислам на тебе. И не можеш ама баш ништо да направиш во врска со тоа. 

Џо - шесто сетило - Бајден

Кој тоа тврди дека Џо е во длабока когнитивна есен и има сериозни проблеми со меморијата? Стариот штотуку се присети на самит на Г-7 од пред неколку години, брзо откако беше избран за претседател на САД, на кој се сретнал со „Митеран од Франција“. Оној Митеран кој беше долгогодишен претседател на Франција, во периодот од 1981 to 1995 година. Оној Митеран кој е починат уште од јануари 1996-та.

Ќути, бели сме

Две преслатки цуци, самоуверени и освестени, зборуваат за своите високи стандарди за спротивниот пол. Едната се лади ако дечкото не вежба, другата ако е белец. Сакаат да е многу богат, многу црн, да им се купуваат подароци, да им се плаќа кирија, да се носат на товење, пардон шетање. И да, на жените им било потешко, бидејќи се сексуализирани. Па не може боље од ова!

Рекламен дијамант: Столарија Станишиќ

Ни дебели буџети, ни бескрајни бреинсторминзи, ни бутур. На најефикасен можен начин, оваа видео реклама го следи основниот адвертајзинг принцип, да го покажеш проблемот па да понудиш решение. Се разбира, проблемот мора да биде прикажан уверливо за веднаш да воспостави релација со примачот на пораката. А од ова поуверливо, здравје.  

Професор за десетка

Не што да се мисли туку како да се размислува е врвна мисија на еден професор. Потребно е многу трпение и даскалска вештина за еден надобуден студент на крај сам да сфати дека се чувствува како идиот. Овој профа е брилијантен во тоа, со студент кој е убеден дека почнува „на сигурно“: со една од „широко“ “прифатените“ „факти“ на разбудените лајавци - дека писателката ЏК Роулинг е трансфобична? Така ли е? Ок, одиме по ред.

Ќе има ли интервју?

Деновиве се појави слика од Такер Карлсон како седи во театар и гледа претстава околу која се вознемири комплетната американска медиумска фела. Причина за паниката е што театарот е Бољшој, сред Москва, а Такер веќе се товари за предавство затоа што како новинар можно е да разговара со Путин.

Богот на аудиофилите

Ако познавате барем еден аудиофил во животот јасно ви е за луѓе со каков проблем станува збор. Тоа што вие го мислите за нив, веројатно тие го мислат за Такео Морита.

Рекламни средства за смирување медиуми

Поранешен инсајдер од фармацевтскиот свет на Такер му зборуваше она за кое вели дека одамна е јавна тајна во тој бизнис: фармацевтските гиганти не дават огромни пари за телевизиски реклами за да ги продаваат своите лекови, туку за да ги поткупат медиумите. За кога ќе избие некој скандал од таа област кој вреди да се истражува, вестите да тргнат поглед на друга страна.

50 филма во 5 минути

Кристофер Вокен почна сериозно во Ени Хол и Ловец на елени (1977 и 1978) и не му требаше долго време да се разигра (во Pennies from Heaven,1981) и да потсети дека кариерата ја има почнато како танчер а првите лекции ги има земено на 3 години. Оттогаш има танцувано/ шизено во 50 свои филма, што го круниса со оној фамозен спот на "Weapon of Choice" на Фетбој слим. „Морав да го направам тоа додека уште не сум стар,“рече челото за тој потег.

Супериорноста на глупоќата

Добар манифест на професорот Сем Вакнин за глупите (и јако глупите) луѓе чие време допрва доаѓа од неколку причини: бидејќи послабо ги проценуваат ризиците, спремни се да го преземат светот, без страв од последиците на нивните дела. А и почесто имаат секс од паметните па бројно се зaсилуваат. На крај, единствената паметна работа која ќе ја имаме во својата околина ќе ни биде телфонот.

Реплика за портпаролката

Карин Жан Пјер е една од послабите портпароли на Белата куќа, позиција која порано ја имаат држено некои бистри умови и јаки вилици. И овде, прилично трапаво, проба да изрази сочувство за тројцата убиени војници во Јордан.  За реплика се јави жена на војник, за да ѝ објасни некои работи. „Така е кога некој држи место само затоа што е црн и затоа што  лезбејка“, вика сопругата со заклучок дека треба да е кривично дело некој да е толку некомпетентен.  

Тешкото допрва доаѓа

Веќе никој нема да ни помага како до сега, а ќе треба да им се помогне и на ранетите војници и на семејствата на загинатите борци. Секој Украинец ќе треба да работи за тројца, ќе порача украинскиот полковник Максим Марченко околу иднината и обновата на Украина.

Што и пречи на Америка што Букеле апси криминалци?

Откако доаѓа на власт во Ел Салвадор, Најиб Букеле почнува отворена војна против криминалците и бандите. Од тогаш стапката на убиства во земјата е падната на историски најниски нивоа, а има упасено и над 75.000 припадници или лица поврзани со криминални банди. САД никако не може да му го прости ова.

Биди корисен, плаќај со кеш

Математиката е следна: ако платиш нешто со банкнота од 50 долари, сто трансакции подоцна таа банконота ќе остане цели 50 долари. Ако платиш 50 долари со картичка, 30 трансакции подоцна останале само 5 долари од првичните 50 заради надоместокот што банките го наплаќаат за секоја трансакција преку картичка. Биди корисен, троши низ маало и плаќај со готовина.

Кој рече дека нема разбирачка? Има разбирачка.

За тие што недослушуваат професорката му рече „туширај се колку сакаш, само биди тивок“, што дечкото сосема разбрано и воспитано го прифати. Сериозно.

Човекот што се смее: исповеди на убиец

Во 1965 двајца источногермански сниматели на документарци разговараат со мајор Зигфрид Милер, познат и како „Конго Милер“, поранешен член на хитлеровата младина, а во тоа време платеник кој работи во Африка за подоцна на истиот терен да биде ангажиран и од НАТО. Авторите пред и по ова снимаат документарци во Виетнам, Чиле и Камбоџа, меѓутоа докуметарецот со Милер го сметаат за највознемирувачкото нешто што некогаш го снимиле.

Француските земјоделци ги помогнаа подготовките за Олимпијадата во Париз

На 26 јули во Париз треба да се отворат 33-те летни олимписки игри. Периодов не личи дека во Париз може трафика да се отвори, не цела Олимпијада. Последен придонес за ова го имаа француските земјоделци.

Зошто за разбудените е природно да очекуваат некој да е на каиш?

Обидувајќи се да му накалеми на врат на Дејна Вајт се за што ќе проговорат борците на УФЦ, канадски „воук“ новинар, веројатно тргнувајќи од сопствен пример, прашува зошто толку им го пушта каишот на борците.