Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Дивизиите на AC/DC

Трендо, Јурук и Невенка се единствените луѓе на Земјатa кои задоцниле на концерт на AC/DC (бидејќи се запија пиво). Какви се сите останати следбеници на бендот ќе видите во импресивниот спот на "You Shook Me..." Фанови, фолоуери? Не, не, армада со која може да се освои планетава!

51-та држава

Постојат држави кои посакуваат да станат 51-вата американска сојузна држава. ПОследни тоа рефенрендумски го посакаа луѓето на Порторико (61 процент од излезените). Но, легендарниот републиканец Њут Гингрич имаше далеку похрабар план.

Аплауз со една рака

За да ги избегнат ригорозните правила за протестирање, противниците на последниот европски диктатор Лукашенко почнуваат револтот да го изразуваат со аплаузи. Лукашенко ја сфаќа финтата и донесува закон со кој јавното аплаудирање станува нелегално.

Босно моја!

Иако неупатените би можеле да помислат "кој ова може да си замисли?" ви тврдиме дека ова е нај- нај-најјаката реклама произлезена од овие региони. Босна, Лото и.... ќе видите!

Скромниот човек

Сер Николас Винтон е Британецот кој за време на Втората Светска Војна го организирал спасувањето и вдомувањето на 669 претежно еврејски деца од Чехословачка во Британија. Долги години по акцијата Винтон никому не му кажува за подвигот што го направил, се додека неговата сопруга не ја открила тетратката со нивните имиња. Во 1988-ма во емисија на БиБиСи тие решаваат да го изненадат.

Секс на денот

Сите мудри луѓе кои продреле во тајните на женската сексуалност, нека ни објаснат дали она тоа намерно го заеба?

Я твой слуга, я твой Моторхед

Ако вака изгледа иднината на концертите, тогаш сакаме да ја дочекаме само за да прочитаме осврт на некој овдешен музички рецензент каква била шутката.

Пантомимата на Колберт

За разлика од некои новинари чии изразни средства се сведуваат на тоа да викаат "Уааааа" (по што тогаш се разликуваат ваквите професионални брусачи на мисли и зборови од некоја митингашка руља која го обожаваа истиот "цитат"??), Стивен Колберт може да ви објасни цел феномен на атомска експлозија и без да зуцне.

Големото ишпартано јаболко

Изволте една огромна слика од Њујорк, колку да видите како изгледа еден прецизен ГУП и ДУП. Побарајте слична слика од Кисела Вода или Гази Баба и ќе почнете да сфаќате зошто нам ни фенг шуи не може да ни помогне.

За нашите словенски корени

Исти сме. Само што нас маката не принудила да ги приспособиме обичаите.

Како да ја преживееш зимата низ 9 ЈуТјуб видеа

Освен ако не си во Мексико на плажа во моментов, прилично се големи шансите дека се корнеш од пцуење што зимава реши да стане зима. Еве некои совети што ќе ви дојдат добро дури и за во времето кога ќе имаме снег.

Кога Путин ќе ти шепне

Рускиот претседател Бадник го дочека во една црква во Сочи. Во еден момент Путин клекнува и му шепнува нешто на едно дете до него. Никој не знае што, ама јасно е дека животот на детето веќе никогаш нема да биде ист.

Мозочно карате

Кога ќе прочитате што сè има лупнато секогаш кога некоја грешка во Матриксот му има отворено уста, ќе ви биде фасцинантно што Жан Клод Ван Дам воопшто успева да си ги запамти сите 4 делови од името. Иако, неговите фанови тврдат дека тој е баш надарен за "ретко сликовити метафори".

Ајде Далтони

Бидејќи знаеме дека ви е досадно во канцеларија, еве една шарена игра за да видите кој од колегите да го земете со себе кога треба да бирате завеси или бои за ѕидови. Од прво играње, нашите резултати се вакви:

Сте слушале нешто од Иамус?

Иамус создава современа класична музика. Стациониран е во Шпанија и комплексната композиција што ќе ја слушнете ја има направено за помалку од една секунда.

За Бадник, догодина

На сите што годинава им се падна маалското париче па догодина ќе бидат главни бадникари во својата околина, им посакуваме многу здравје, среќа и успех во намерата навреме да се поврзат со некој магацин кој ќе донира приближна количина дрвени подметоци за палети.

Некаде се краде и со стил

Адам Грин живее и работи како уметник во Лас Вегас. Негова специјалност е крадењето. Може најлесно на свет да украде часовник од рака, новчаник од внатрешен џеб, телефон од панталони, дете од мајка, бемка од лице... Опасно вешт фраер. За разлика од неговите колеги, не му пречи да ги открие тајните на својата уметност.

Боуви се врати

По 10 годишна апстиненција од музиката, деценија во која се дружеше најмногу со својата ќерка а њујоршкиите фотографи најчесто го фаќаа како тегнне кеси од гранапче, Дејвид Боуви го прослави својот 66-ти роденден со сингл од албумот The Next Day кој ќе излезе во март. Еве ја песната!

Факти што (веројатно) не сте ги знаеле

Ако за ништо друго, барем првиот факт ќе ви се најде во голем број ситуации каде што треба да се правдате или објаснувате.

Сакаме и ние вака

Специјална божиќна емисија, со познати фаци и луѓе (пратеници?) со посебни потреби. Ѕирнете го клипот и замислете: Урко наместо Шварценегер, Вели Мумин како Тајсон а во улогата на Дени де Вито - Ноне. Нели бе?

Кој пат оди Мариово?

Следниот пат кога ќе возите накај Плетвар или вашите напатени бандаши ќе минуваат преку минското авто-поле Велес - Скопје, замислете како дупките стануваат флуоресцентни а асфалтот ви црта снегулки... Ако не можете да замислите, тогаш слаб ви е дилерот. Некаде на средина на 2013-та, заминете во Холандија, таму ќе може ова и без дроги.

Упорен дечко

Се што треба знаете за електрицитетот ќе чуете од човеков, поточно ќе видите... па макар требало и на доктор да заврши.