Иамус е компјутер, поточно кластер од компјутери кој е способен да креира класична музика без никакво човечко влијание. Се разбира, опремен е со сложени алгоритми и технички упатства од типот да не прави партитура за пијано за повеќе од 10 прсти колку што има човек.
Една секунда после стискање ентер, Иамус го имал ова дело. Дополнително биле потребни 8 минути неговиот производ да се преведе во нотен запис.