"Со Џон Хјустон снимавме некоја реклама за виски. Го прашав колку долго се немаат видено со Џон Форд. 'Има повеќе од 20 години!', рече Хјустон. Решивме да го посетиме во Палм Спрингс. На господинот Форд му кажав дека неговата сопруга ми дозволила да го ставиме во количка за да може да се фотографираме.
Тој ми рече:
- Мали, знаеш што е твојот проблем? Што немаш чувство за драма. Да го имаше, ќе седневте на мојот кревет и ќе се сликавме".