приказни од демократијата

51-та држава

Постојат држави кои посакуваат да станат 51-вата американска сојузна држава. ПОследни тоа рефенрендумски го посакаа луѓето на Порторико (61 процент од излезените). Но, легендарниот републиканец Њут Гингрич имаше далеку похрабар план.

Њут Гингрич е еден од оние бандоглави републиканци за кои последниот Буш беше Имануел Кант (неколку негови изјави). Тајм во 95-та го прогласи за човек на годината, неколку години беше спикер на Конгресот а беше и еден од кандидатите за републикански претседател на САД.

Покрај останатите револуционерно глупи идеи, тој мислеше дека САД треба својата 51-ва држава да ја добијат со колонизација. Колонизација на Месечината.

Гингрич предложи земјениот сателит да се насели со точно 13.000 Американци кои потоа ќе потпишат петиција дека нивниот дом (Месечината) сака да стане 51-ва американска држава со што на Конгресот ќе му се даде можност да ја одобри нивната желба.

11 јануари 2013 - 14:20