Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Ќеиф, лезет, мерак, мекам...

И денес да беше калеш Анѓа жива, ќе кукаше дека "турски не разбирам". А како да разбира, кога од оние синхронизации, човек не може веќе да чуе ништо на тој убав јазик. Затоа ве носиме во една катедрала во Копенхаген, да си ја наполниме душата со мелодија која лесно ќе ја препознаете. 

Дефиниција на тинејџер за 6 секунди

Тој е гневен на светот само затоа што е правдољубив. Тој го мрази лицемерието на околината затоа што тој е искрен и доследен на себе. Околу него се калкуланти и фејкери, тој е прав и бескомпромисен.
- Хеј!
- Хеeј...
Тој е гневен на светот само затоа што е правдољубив.....

Епската драма што никогаш не сте ја гледале

Едниот е глуп, другиот е поглуп. Двајцата се дел од една од најуспешните комедии на сите времиња, сè додека некој не седна да се помачи и од неа да направи драма.

За коцкастите лубеници

Ова нешто е измислено само затоа што Јапонците не можеле да поднесат колку е хаотично регуларното пакување на лубениците и како изгледал нивниот транспорт. Тие стварно успеваат да добијат коцкасти лубеници, ама сега проблемот им е што тие не се јадат. Ова не значи дека тие не се продаваат, и тоа како украси по цена од 100 долари за лубеница. Бонус "ова е 3 до 4 пати поскапо од цената на регуларните лубеници."

Денов

Проблемот е што денов трае последниве 10 дена, а и не планира да промени ништо околу себе во некоја разумна иднина.

Животот да ти беше врзан на лош провајдер

Со едноставност на ниво на ИКЕА, шведски интернет провајдер објаснува како би изгледало кога целиот живот би имал "лаг" (да доцни 2 секунди зад се) како вашиот интернет.

Најдосадната реклама на сите времиња

Ако нешто знаеме тоа е дека интернет публика има трпение само за клипови до минута и пол, и ако имаш некоја поента гледај тоа да го направиш во овие 90 секунди. Затоа ви пуштаме реклама за Leica од цели 45 минути.

Другари

Како куче и чавка.

Кога музичарите не се трпат

Били Ајдол викаше: "Обожавам кога.некој ќе ме навреди бидејќи  тоа значи дека не мора веќе да бидам фин со него". Да видиме кој со кого сè во музичкиот свет веќе не мора да глуми финоќа.

Пајакот и дрогите

Да беше жив, Езоп денес вака ќе раскажуваше некои поучни приказни од животот.

Забавни вистини кои болат

Животот во 21-от век  може да изгледа и урнебесно и депресирачки. Неколку инфографици на таа тема.

Кодот на катанецот за велосипед

Производителот (Forever Lock) тврди дека не постои човек што може да го отвори ова без клуч (сите фори со брусилици, бонсеци и слично, не важат). Го изгледавме видеото и му веруваме на човекот што збори. Јапонско е.

Најк со цела сила

Роналдо, Нејмар, Руни, Ибрахимовиќ, Иниеста, Пике, Хазард, Тиаго Силва, Пирло, Тим Хауард, Давид Луиз, плус Хулк, Коби и Ирина Шаик.

Русин на виртуелна реалност

Окулус Рифт е компанијата што произведува очила за виртуелна реалност. За компанијата (и производот што го има) Фејсбук плати 2 милијарди долари. Русинов е најдобра потврда за тоа колку добро функционира и колку е уверлива технологијата што ја купи Фејсбук.

Љупачот на лубеници

Кога ти работи некој со вакви перформанси, прва ставка што ја гледаш е - фира. Кај конкретниов мајстор, ни тоа нема. Плус, некако те исполнува кога гледаш друг кога добро работи.

Хрушчов во Скопје и ред други балканштини

Како што пишувавме, неодамна славната филмска компанија Пате на интернет закачи импресивна видео архива од 3.500 часа. Овојпат издвојуваме неколку интересни документарни сведоштва од нашиот регион.

Толковен речник за разговор со клиенти

Конкретно за клиентите на тема дизајн.

Форест Гамп од Вес Андерсон

Да речеме дека Вес Андерсон го режира филмот. Да речеме дека ова е воведот во филмот. Погодено како да е правено со учебник по Вес Андерсон.

Невидливите

Неколку среќни луѓе зборуваат за семејството, како и колку тие луѓе им значат и слични работи, притоа блажено несвесни дека ни родена сестра не би препознале на улица. После тоа следува пишманот.

Праизведба на Ураганот

Видео снимка од 1975-та година, кога Боб Дилан првпат во живо ја изведува протестната "Hurricane', песна инспирирана од неправдата кон боксерот Рубин Ураганот Картер, човекот кој деновиве почина на 76 годишна возраст.

Суди по амбалажи

Ако некој ден нè посетат вонземјани и од нас побараат да им објасниме некоја клучна разлика меѓу женскиот и машкиот мозок, ќе им ги пуштиме овие два клипа.

Колбер кај Летерман

Летерман најави дека ќе се пензионира, СиБиЕс објави дека Колбер ќе го менува. Сега "новото дете" дојде на гости кај стариот, да се видат. Промената ќе се случи дури во 2015-та.

Сообраќај, соживот и Етиопија

Ако сакаш да ги излудиш овие, ги носиш на Иво Лола Рибар и ги пушташ од Алумина до Чакаларов да извозат 1,2 километри со вкупно 5 семафори. Сигурно во Етиопија во моментов со еднакво неверување гледаат некое слично видео на тема семафорите на оваа делница.