Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Македонија е WTF?

Словачкиот уметник Мартин Варгич создал мапа на светот од предрасуди и стеротипи. Забавно е да се зумира по мапата која содржи преку 1.800 стереотипи за држави и региони.

Ќути што не сме генијалци

Лудата страна на најпаметните меѓу нас.

Штемање на лице

Некои студии велат дека симетријата е она што ги прави лицата привлечни. Други пак сугерираат дека токму асиметријата на линиите на лицето оддават впечаток. Кога сме кај вториве, Том Јорк од Рејдиохед е енциклопедиски пример. Дечкото е тотално изместен ама па кога ќе го наместиш, на ништо не личи.

Автостоперски водич низ технологијата

Во чест на Даглас Адамс фановите деновиве го одбележаа нивниот "Ден на пешкирот". Адамс беше човек кој знаеше со малку да зборови да произведе едноставни а генијални заклучоци. Еве што рече за нашиот однос кон технологијата.

Проект: ладно пиво за секој двор

Насловот звучи премногу лесно и проектот како таков веројатно го остварувате неколку пати неделно, ама не збориме за тоа. Идејата е ладно пиво во секое време, без фрижидери, струја, кабли и слични потребштини. Се што ви треба е дупка во двор.

Свадбена вест на денот

Иако симпатична е и македонската гуглизирана верзија на свадбата на неподносливо присутните Ким Кардашиан и Канје Вест, најдобрата вест за свадбата сепак ја имаше Њујорк Пост.

Како денешните деца реагираат на стар компјутер

Ги видовме нивните урнебесни реакции на вокменот, сега е на ред да се соочат со прастар компјутер.

Машка јанѕа од соништата

Малиот го јаде една мака заради која ќе му завидат многумина големи мажи.

Хајнекен на штикли

Ние обожаваме жени кои пијат пиво. Хајнекен уште не е дојден до таа лекција.  

Морган Фриман на хелиум

Многумина сметаат дека ако некогаш ни се јават вонземјани и побараат муабет со некоj од овде, единствен глас кој може да им остави впечаток е оној на Морган Фриман. Додека не му испаднала таква задача, 76 годишниот актер фино се зеза со инструментот кој може да ја спаси планетава.

Јао, колку светот е мал

Медиумите најавуваат дека екс центарот на Хјустон Рокетс планира да го купи ЛА Клиперс од анатемисаниот Доналд Стерлинг Велат, ова ќе бил ГОЛЕМ потег за Јао Минг. А вистината е дека за него ништо не може да биде големо бидејќи е тоа човек кој го прави светот околу себе мал.

Колку е богат Бил Гејтс

Сите знаеме дека основачот на Мајкрософт е богат, пребогат, пребогат у пичку матер. Но, што тоа навистина значи, дозволете да ви долови астрофизичарот Нил ДеГрас. И бидете спремни за евентуален удар на депресија.

Сајтот што ги уништува вашите слики

Наспроти сите сајтови што се тука да го разубават 19-то селфи што сте го направиле од утрово, стои Коруптус кој ќе направи сè за вашата фотка да изгледа како да ја спопаднале сите можни проблеми и грешки што може да и се случат.

Вил Ферел вс. Чад Смит, се случи

Мала историја: Ферел (глумецот) и Смит (тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс) не се во никакво сродство, ама изгледаат како да се правени со копи/пејст. Со години двајцата ги мешаат на интернет, сè до еден момент кога им пука филмот и решаваат да се пресметаат еден со друг - ферка во лупање тапани. Еве ја ферката од синоќа вечер кај Џими Фалон.

Три начини на отворање вино

Вториот начин сме го пробале и функционира. Третиот ќе го пробаме кај и да е.

Твитер емоции

Како да го гледаш кодот на Матрикс, само што се работи за Твитер. Следење во живо на сите популарни емотикони кои се исфрлаат на оваа социјална мрежа.

Ѓаволот се крие во базната

Африкански егзорцизам со пресврт.

Кен Блок vs. Луис Хамилтон

Секој во своја кола. Што друго треба?

Брус Ли, кралот на романското подземје

Зборуваме за буквално подземје, за цел комплекс на тунели и простории под Букурешт, и луѓето кои живеат во нив. Условите за живот ужасни, приказните подеднакво страшни, наркомани, сираци, џукели (вистински, не метафорички), сите на исто место. На сите им е главен Брус Ли.

Предлог за интервентна набавка

Концептот е соларни автопатишта, поточно се што моментално е асфалт и павер елементи да биде соларни панели. Не треба ништо да измислуваме, се измислиле, само да се инсталира. Сега гледај.

Рагби фер-плеј

Затоа што сме навикнати за кој било фаул на фудбал да потрошиме незамисливо многу време (во споредба со тоа колку заслужува), да се палиме и до смрт да му памтиме клизачи на некого, може ќе ни дојде чудно како вистински мажи се справуваат со фаул (како овој на сликава)

За дебелите девојки

Луи Ц.К. се мести пред цел свет за да покаже како мажите само заради тоа што не веруваат во себе ги казнуваат сите оние девојки со кои тие инаку природно би си одговарале. Карши него, феноменалната Сара Бејкер како девојката што ги дели шамарите во име на дебелите девојките.